ВМРО-ДПМНЕ: Следи вработување на 400 пожарникари - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Следи вработување на 400 пожарникари

​Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена и одлучна да ги подобри состојбите во државата.

ВМРО-ДПМНЕ: Следи вработување на 400 пожарникари

Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на граѓаните.

Покрај големите финансиски придобивки и неповратни средства за вработување и самовработување со отворање стартапи и сопствени бизниси, платени обуки, Оперативниот план предвидува и вработување на 400 пожарникари.

Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, ќе следи засилување кадровскиот потенцијал.

Заради превенција и подобро справување со шумските пожари, овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба за нив.

Во случај на пожар, пожарникарите се тие коишто се на правата борбена линија со огнената стихија за да спасат човечки животи, материјални добра, или во случај на шумски пожари, да ја спасат животната средина. И се тоа, ризикувајќи ги сопствените животи.

Токму вака, вложувајќи во човечките ресурси, се цени нивниот придонес и пожртвуваност за општото добро, за безбедноста и здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина.

Со одлуката за зајакнување на капацитетите на противпожарните територијални единици со вработување на 400 пожарникари, се придонесува и кон превенција и заштита од пожарите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните и работи на целосна трансформација на државата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година.

Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месеци

Голем шок за германскиот фудбалски шампион  Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.

Катастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месеци

Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест.

Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава.

„Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци.

Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд.

Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф.

По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата.

Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Според најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации.

Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови.

Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“.

Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер