3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Што се обидува да сокрие Костадиновска Стојчевска?Бисера Костадиновска Стојчевска не кажа кои се членовите на членовите на комисиите кои се потпишале на скандалозната програма без концепт и стратегија. Па оттука логично се поставуваат прашањата: 1.Дали тоа значи дека лично Костадиновска Стојчевска ги носела одлуките при избор на проектите за Годишната програма? 2.Кого крие и дали станува збор за уценети од членовите на комисиите кон Костадиновска Стојчевска? Ја потсетуваме министерката дека не само што треба да ги соопштите нивните имиња, туку нејзина обврска е да ги соопштите и нивните професионални квалификации. Ако не знае Костадиновска Стојчевска бидејќи до сега не била дел од културата тогаш ќе и објасниме ние, во времето на ВМРО ДПМНЕ, пресовите на министерот при објавувањето на Годишната програма се одржуваа во присуство на сите членови на комисиите, затоа што со буџети со износи од 9.000.000 – 12.000.000 денари само во националните театри, не сме имале од што да се срамиме. Воедно, Костадиновска Стојчевска треба да одговори дали членот на комисијата за музејска дејност е наставник по англиски јазик и нема никаква допирна точка со музејската дејност? Дали членот на комисијата за визуелни уметности е се уште студент? Ако во времето на ВМРО ДПМНЕ имало и академици а во најмала рака универзитетски професори, комисијата за заштита на културно наследство сега е составена од членови кои немаат ниту научно звање, а за потсетување на јавноста, минатата година член на истата комисија беше именуван наставник по биологија. Нека ни каже министерката дали назначената претседателка на комисијата за интердисциплинарни дејност, освен што е истакнат активист на СДСМ е и член на извршната канцеларија на МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Битола, па дали тоа не е конфликт на интереси, дотолку повеќе, што во оваа дејност се доделени 656.000 денари за проектот „Битола отворен град 2024“ во организација на истиот тој МКЦ. Притоа, голем дел на членовите на комисии се повеќе препознатливи по својот партиски отколку професионален ангажман. Дополнително, овие лица ќе наплатат дебело за давање на своите “стручни“ мислења, односно хонорарот на 50тмината лица е околу 90.000 денари или вкупно за сите 4.500.000 денари, народни пари. Стручноста и компетентноста се плаќа и треба да биде соодветно наградена, но поставува прашањето дали сите „тајни’ членови на комисиите се навистина кредибилни и ли главниот предуслов е партиската препорака. Во однос на одобрениот проект на Албанскиот театар од Скопје, кој е дел од Годишната програма на Националните установи во меѓународна дејност, цитираме: „РЕАЛИЗАЦИЈА на фестивалот „МОИСИУ“ во Приштина, Косово“ со 1.800.000 денари, повторно ја повикуваме министерката да објасни зошто е проектот така насловен и зошто сите останати театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји се поддржани со десет пати помали средства? И доколку станува збор само учество, како тоа за 100 километри пат, министерството издвоило 1.800.000 денари?! А што се однесува до заедничкиот именител на „Здружението на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, „Друштво за производство, трговија и услуги ТРИЧЕТВРТИ увоз-извоз ДООЕЛ“ и Сташа Божиновска, сите од Битола, очигледно ќе мораме ние да ја информираме македонската јавност дека се работи за лице кое е директно врзано со најблискиот соработник во кабинетот на Костадиновска Стојчевска, а позади овие „тешки“ проекти стојат имињата на неговата ќерка, сестра и вработена и прва соработничка во неговата фирма. Уште еднаш да потсетиме дека наведените проекти се финансирани од министерството за култура со преку 2.000.000 денари. СДС и Костадиновска Стојчевска носат само порази во културата. Никогаш не било полошо во македонската култура. Важно е да ги поразиме, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетувањеАвион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи. 🚨🇵🇱🇬🇧 BREAKING: BOMB THREAT FORCES LOT POLISH AIRLINES BOEING 737 MAX 8 TO DIVERT FROM WARSAW CHOPIN AIRPORT, TRIGGERING AN AIRPORT SHUTDOWN. Polish authorities temporarily closed Warsaw Modlin Airport following a reported bomb threat involving a LOT Polish Airlines passenger aircraft arriving from London Heathrow on November 3. ✈️ FLIGHT IDENTIFIED Flight-tracking data from Flightradar24 identifies the aircraft as a Boeing 737 MAX 8, registration SP-LVK, operating flight LO286 from London Heathrow (LHR) to Warsaw Chopin (WAW). The aircraft was diverted to Warsaw Modlin Airport (WMI), where it reportedly landed safely at approximately 10:01 a.m. local time. 181 people were on board. ⚠️ MAJOR SECURITY RESPONSE Emergency services and specialist bomb disposal teams were deployed following the security alert, prompting the temporary suspension of airport operations. Authorities have not confirmed the discovery of an explosive device, and the circumstances surrounding the reported threat remain unclear. — Apex Vanguard (@Apex_Intel24) November 3, 2026 Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин. Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“. Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво. „По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението. Dwa alarmy bombowe. B737 MAX SP-LVK @LOTPLAirlines z Heathrow przekierowany do @WMI_Airport, a drugi to A320neo SE-ROG @SAS stojący na drodze kołowania C @ChopinAirport https://t.co/F4zWy7qhBa — Piotr Bożyk (@PiotrBozyk) November 3, 2026 Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднинатаОпштина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски. Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите. Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост. „Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски. Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда МараСо засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок. Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт. ➡️ Новиот мост ќе располага со: ✔️ Две коловозни ленти ✔️ Тротоари од двете страни ✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter