ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги

Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги, ги надвладеа ли паниката од сопствен распад?

ВМРО-ДПМНЕ: Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги

Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да шират лаги?

Стравот од избори? Рејтингот на дното? Паниката од сопствениот распад?

СДС, наместо да размислува како да ја врати довербата кај граѓаните, избира пред полноќ да фантазира и да лаже за ВМРО-ДПМНЕ и за Владата. Веројатно, кога денот ќе им заврши со анкети во кои се рангирани под праг, со внатрепартиски кавги, несогласувања и невозможност да најдат кандидати подготвени да изгубат како градоначалници, им останува само тастатурата во доцните часови.

Ајде да ги разбиеме нивните лаги:

– Во нивно време, земјата тонееше, а денес:

Инфлацијата е намалена и стабилизирана;

Буџетот има 16% повисока наплата на приходи;

Платите растат во сите сектори;

Стопанството има поддршка со конкретни мерки и проекти.

– За „немање на капитални инвестиции“: само во првите 100 дена од оваа Влада, капиталните проекти се ревитализирани, а во тек е реализација на најголемиот капитален план досега.

– За енергетиката: токму оваа Влада ги наполни хидроакумулациите, РЕК Битола работи со полн капацитет, а државата ја враќа енергетската стабилност што СДС ја уништи.

– За „луксузирањето“: СДС последна партија треба да зборува за тоа. Да ги потсетиме ли на Заевите автомобили, патувањата на Филипче, нивните тендер-тури? Секој збор од нив е лицемерие на квадрат.

СДС не може да поднесе што Македонија оди напред без нив. Затоа панично објавуваат соопштенија во 22 часот, барајќи утеха во лажни тези и манипулации.

Но, народот не им верува повеќе. Не им поминува ниту старата плоча, ниту новите измислици.

Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно.

И ќе победуваме. Повторно, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа

Португалската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Данска во Лигата на нации, губејќи со 4-1, а ова беше и првиот натпревар откако Кристијано Роналдо официјално ја заврши својата меѓународна кариера.

Мајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа

Мајката на славниот Португалец, Долорес Авеиро, не го прифати овој пораз лесно, туку беше среќна, бидејќи како што вели, нејзиниот син не бил почитуван.

- Роналдо е тажен, сакам да беше поинаку. Тој е тажен затоа што бил измамен. И јас сум тажна. Сега загубија во Брага. Тоа беше пораз и е добро за нив, ми е мило што Португалија загуби. Тие не го почитуваа Кристијано - рече Авеиро, како што објави „А Бола“.

Како што вели таа, никој не го почитуваше нејзиниот син.

- Не, никој од нив. Тоа е она што го чувствувам, тој не беше почитуван. Дури ни од неговите соиграчи.

Таа не беше задоволна ниту од збогувањето што Португалската федерација му го даде на Роналдо, кога, имено, сите играчи излегоа во дресови со број седум.

- Не ми се допадна оддавањето почит во Брага, бидејќи оддавањето почит мора да се направи со него, а не без него. Вистинското оддавање почит ќе му го оддаде Спортинг. Таму го ценат.

Да потсетиме дека Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата во септември, на средина од преодниот рок за Лигата на нации, а официјално објави на 5 ноември дека ја завршува својата меѓународна кариера, која траеше 23 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир Секуловски

Тажна вест го потресе македонскиот фудбал, бидејќи поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски почина на 46-годишна возраст.

На 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир Секуловски

Секуловски играше за неколку познати македонски клубови во текот на својата богата кариера, меѓу кои се „Вардар“, „Тетекс“, „Слога Југомагнат“ и „Работнички“.

Роден е во 1980 година и остави значаен белег во локалниот фудбал. Во текот на својата кариера освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а особено се памети времето поминато во Тетекс од Тетово.

Неговата смрт претставува уште еден тежок удар за македонскиот фудбал, но и за градот Тетово, кој беше потресен од веста за смртта на Агрон Мемеди само два дена претходно.

На овој начин, македонскиот фудбал загуби уште еден поранешен репрезентативец кој ја обележа домашната сцена со своите настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин

Алжирец кој се обиде да убие три деца пред училиште во Даблин во ноември 2023 година во напад со нож, во кој сериозно беше повредена и наставничка која ги придружуваше, е осуден на доживотен затвор, објави суд во ирскиот главен град.

Казнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин

Бушакер беше прогласен за виновен и за напад на две мали деца и еден тинејџер, како и за поседување кујнски нож од 36 сантиметри.

Ријад Бушакер (52) го изврши нападот на 23 ноември 2023 година на плоштадот Парнел Ист во Даблин, кога избоде две девојчиња и едно момче додека чекаа пред училиштето, а нападот, забележува Скај њуз, предизвика немири во ирскиот главен град.

Бушакер ги негираше обвиненијата, но претходно оваа година, по судењето во Централниот кривичен суд во Даблин, беше прогласен за виновен за обид за убиство на три деца, како и за нанесување тешки телесни повреди на наставничката Лијана Флин.

Таа претходно ги зела децата од училиште и ги однела во градинка кога се обидела да го запре напаѓачот. Потоа напаѓачот ја избодел, а други минувачи ѝ притрчале на помош и успеале да го совладаат.

Флин била однесена во блиската болница по нападот, каде што била ставена во индуцирана кома и била подложена на итна операција. На судењето се слушна дека лекарите морале да ѝ ја отстранат слезината и дел од желудникот, како и дека претрпела повреда на белите дробови.

Поротата слушнала за време на судењето дека едно од девојчињата претрпела тешко оштетување на мозокот од недостаток на кислород откако срцето престанало да чука, но лекарите успеале да ја реанимираат.

Девојчето, кое имало пет години во времето на нападот, сега има доживотна состојба што сериозно ги ограничува нејзините способности за живот и бара 24-часовна нега.

Преку преведувач, Бусакаир рекол дека добил „негативна одлука“ од социјалните служби и дека чувствувал дека „оваа земја му кажува да си оди“.

Тој тврдел дека е болен, не е при здрав разум и не сакал да ги убие или повреди децата.

На судот му беше кажано и дека Бусакаир имал операција на мозок во 2021 година и дека претрпел дополнителни повреди на главата за време на интервенцијата на граѓаните кои го совладале, поради што останал во болница околу еден месец.

Немирите во Даблин избувнаа на 23 ноември 2023 година, по нападот со нож врз три деца и нивниот наставник пред училиште на плоштадот Парнел, кога групи демонстранти, вклучувајќи екстремно десничарски и антиимиграциски групи, се собраа во текот на попладнето и вечерта откако дознаа дека осомничениот за нападот е од алжирско потекло.

Демонстрациите станаа насилни во текот на вечерта, при што учесниците нападнаа полиција, палеа полициски возила, автобуси и трамваи, кршеа излози и ограбуваа продавници.

Немирите предизвикаа штета од речиси 20 милиони евра, а десетици луѓе беа уапсени.

Ирските власти и полицијата проценија дека насилството е поттикнато од екстремистички поединци и групи кои ја искористија трагедијата за ширење антиимиграциска пропаганда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер