ВМРО-ДПМНЕ: Се намалија цените на над 1000 производи, се зголемуваат плати и пензии

Расте бројот на странски инвестиции.

СДС се тие кои го осиромашија народот. СДС се тие кои што наместо грижа за граѓаните единствено се грижеа за збогатување на нивната, така наречена елита која профитираше милиони преку матни и тендери договорени во четири очи.

СДС се тие кои што во време на нивното седум годишно владеење пред прагот сиромаштија и на просјачки стап, со по 150 денари на ден донесоа над 500 илјади македонски граѓани.

СДС се тие кои што од позиција на власт го зголемија ДДВ за прехранбените производи, што директно придонесе за зголемување на цените.

СДС се тие кои што ја уништија македонската економија, доделувајќи им финансиска поддршка на фирми блиски до нив, а вистинските стопанственици беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат со предизвиците од економската и енергетската криза. Тоа доведе и директно до намалува на животниот стандард на граѓаните.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ покажува грижа за македонските граѓани и работи на одржлив начин да го подобри животниот стандард на граѓаните. Во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води Владата, го запре слободниот пад на економија и годинава веќе ќе се работи на нејзино заживување.

Странските директни инвестиции, кои се директно поврзани со развојот на економија и со животниот стандард на граѓаните, за прв пат после долги години се историски највисоко ниво, околу милијарда евра.

Се зголемија пензиите и платите во многу области како здравство, образование и истите ќе продолжат да се зголемуваат и годинава, кое ќе продолжи до крајот на четири годишниот мандат.

Во однос на зголемувањето на цените на производите, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки како ограничување на профитната маржата и производни кошнички во кои се најдоа над илјада производи со намалени продажни цени. А, исто така, продолжија и контролите на терен за да се види како овие мерки се спроведуваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Мелони ќе оди на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.

Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.

Трамп го прекрши преседанот и покани неколку странски лидери на церемонијата на инаугурација. Историски гледано, тие не присуствуваа поради безбедносни причини и испратија дипломати.

Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Израелската војска соопшти дека проектили биле истрелани кон Израел од Јемен, но биле пресретнати и уништени од проиввоздушната одбрана.

Јеменските бунтовници Хути започнаа напади на израелска територија по избувнивањето на војната во Појасот Газа, тврдејќи дека се солидарни со Палестинците.

По објавувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа, Хутите предупредија дека ќе продолжат со нападите доколку Израел не ги почитува условите од договорот.

притисни ентер