ВМРО-ДПМНЕ: Се градат темелите во здравството, реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа,... - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Се градат темелите во здравството, реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа,...

Се градат темелите во здравството, реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа, зголемени плати на здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ: Се градат темелите во здравството, реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа,...

Здравство, една од најзначајните, а во исто време најчувствителна гранка во македонското општество.

Како и се останато, СДС се погрижи, за периодот на седумгодишното владеење, целосно да го урниса, да ја намали довербата на пациентите во здравствените работници и да остави разочаран и депримиран здравствениот персонал.

Не требаше многу, доволно беше една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ за и во здравството, со интензивна и посветена работа да се постават и да почнат да се градат темелите.

Со цел ефикасно менаџирање и рационализација на трошоците на здравствените установи, меѓу првите одлуки кои Владата ги донесе беше, укинување на економските директори во јавните здравствени установи.

Набрзо потоа, во корист на пациентите, по повеќе од десет години се прошири позитивната листа на лекови со девет нови генерики на лекови, се набави компјутерски томограф со систем за инсталација во хибридна сала и целосно интегриран со ангиографскиот систем за потребите на ЈЗУ УК за кардиохирургија.

Се прошири Националната програма за рана детекција и скрининг на малигни заболувања за 2025 година со компонента за Скрининг и рана детекција на црн дроб и се усвои Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Македонија 2025 – 2030.

Исто така, се активираше педијатриски дежурен пункт во рамките на ЈЗУ ЗД Скопје, нова компресорка станица во рамките на хируршкиот блок, на хируршките клиники во комплексот Мајка Тереза и изведени нови типови на трансплантации (црн дроб, коскени ткива, менискус), како и подигнување на свеста за органодарителството.

Во изминатата година се набави нова медицинска опрема и се воведоа нови методи во:

- Општа болница Велес (уролошка и ортопедска опрема),

- УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (уролошка опрема),

- ОБПД Прилеп (уролошка и ортопедска опрема),

- УК за кардиологија (кардиолошка опрема),

- УК за детски болести (неонатолошка опрема, инкубатори, перфузори, невролошка опрема),

- Општа болница Куманово (неонатолошка опрема, нов инкубатор и полуинтензивна нега),

- ГОБ 8ми Септември (нова ортопедска опрема) и воведување на нови методи од областа на интервентна радиологија.

Интензивно се работеше на модернизирање на условите за работа и третман на пациенти при што многу оддели и амбуланти во рамки јавните здравствени установи беа реновирани, и тоа:

- Комплетно реновиран одделот за ургентна инфектологија, ЦНС оддел и интензивната нега во ЈЗУ УК за инфективни болести,

- Реновиран кабинет за аудиологија во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација Скопје,

- Реконструкција и реновирање на повеќе одделенија при ЈЗУ Општа болница Гостивар,

- Реновирање и поставување на пет нови лифтови во ЈЗУ КБ Тетово,

- Реновиран кабинет за радиологија при хируршки клиники,

- Реновирана невролошка амбуланта во рамки на ЈЗУ УК за детски болести,

- Комплетно реновиран прв кат на ЈЗУ УК за психијатрија,

- Комплетна реконструкција на одделот за физикална и рехабилитациона медицина при ЈЗУ ОБ Гостивар.

Покрај ова, во измината година се водеше грижа за здравствениот персонал, така што во финален процес е вработувањето на 300 лекари специјалисти, а за најкраток рок ќе следи и вработување на уште 300.

Се воспостави механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи кои во мандатот ќе се зголемат до над 40% и се зголеми капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. 

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, во мај кога се потпишуваше договорот, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. 

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

- Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп.

Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне реиндустријализацијата на САД.

Трамп вчера наведе дека од 1 август ќе стапат дополнителни царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со САД и оти повеќе нема да има одложување на мерката.

притисни ентер