Паниката која ги зафаќа ги тера да одат од грешка во грешка. Обвинувањата кои СДСМ и Зоран Заев неколку дена по ред ги изнесуваат за наводен криминал се апсолутно неточни. Доколку има било каква вистина во нивните обвинувања досега ќе отвореа постаки, а судството контролирано од нив ќе донесеше експресни пресуди.
Да појасниме, се работи за два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Вториот договорот важел до пред 6 месеци, период кога СДСМ е на власт, а Заев е премиер.
Вакви слични лажни обвинувања СДСМ изнесуваше и за начинот на кој Христијан Мицкоски се стекнал со концесија за хидроцентрали за кои антикорупциската комисија потврди дека нема никаква поврзаност со неправилности и криминал.
На 12 април народот ќе го казни СДСМ и политиките на Зоран Заев, а потоа ќе има одговорност за целиот сторен криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ