ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заплетка во сопствените лаги - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заплетка во сопствените лаги

СДСМ се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заплетка во сопствените лаги

СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги.

Филипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго.

СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи.

Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги.

СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?

Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.

Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС?

Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?

Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза?

СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи.

Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи.

Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија. 

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по вториот сет му беше укажана и медицинска помош.

- Нема да се жалам на повредата, едноставно Синер беше подобар и заслужи пласман во финалето. Разочаран сум дека не можев добро да се движам. Не сметам дека беше лоша среќа, едноставно тоа се годините, телото е истрошено,... Колку турнирот трае подолго толку ми е потешко, еве играв полуфинале на сите грен слем турнири годинава. Потоа следува меч со Алкараз или Синер, тие се помлади подготвени, побрзо „се враќаат“ по одиграниот меч. Внимавам на телото, но тука се и повредите, изјави Ѓоковиќ.

Во однос на неделното финале Ѓоковиќ, предност му дава на Шпанецот Карлос Алкараз против Синер, поради двете титули кои ги има на Вимблдон. Но, сепак очекува неизвесен финален меч. /МИА

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го нападна кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, наметнувајќи му визни ограничувања, поради неговата улога во репресијата на масовните протести во 2021 година, јави ДПА.

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“

Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи Лазаро, Алварез Касас и соработниците поради нивната улога во бруталноста на кубанскиот режим кон кубанскиот народ“.

Ограничувањата за кубанските лидери ќе влијаат и на нивните најблиски членови на семејствата, пренесе германската агенција.

„Стејт департментот, исто така, го додаде контролираниот од режимот „Торе К“ на кубанската листа со ограничувања за да спречи американските долари да ја финансираат репресијата на кубанскиот режим“, рече Рубио во објава на X.

„Додека кубанскиот народ страда од недостиг на храна, вода, лекови и електрична енергија, режимот расфрла пари на своите луѓе одвнатре“, додаде Рубио.

Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, одговори на X дека, иако „САД имаат капацитет да воведат патни ограничувања и казни против револуционерните лидери и да водат продолжена и сурова економска војна против Куба... тие немаат капацитет да ја скршат волјата на овој народ или неговите лидери“.

Во јули 2021 година во неколку градови на Куба беа одржани демонстрации за слобода и против репресијата и лошото политичко владеење. По масовните протести, стотици демонстранти беа осудени на затворски казни.

Рубио во синоќешната изјава наведе дека кубанскиот режим „неправедно“ притворил илјадници луѓе, „вклучувајќи над 700 лица кои сè уште се затворени и се подложени на тортура или злоупотреба“, пренесе ДПА.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера соопшти дека стотици од уапсените во протестите преживеале сериозна злоупотреба додека биле во затвор.

„Пред четири години, кубанската Влада започна репресија врз илјадници Кубанци кои мирно излегоа на улиците барајќи права и слободи“, рече директорката на HRW за Америка, Хуанита Гоебертус, додавајќи дека и „денеска, стотици и натаму се зад решетки во ужасни услови“.

Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.

Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата

„Тие полицајци...не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.

Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ

„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси - одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека една од клучните причини за предизвикување на обоената револуција била неговата борба во ОН, бидејќи тој „го понижи западниот поредок со вистината“.

„Одмаздата за таков човек мора да се отслужи жестоко, тие никогаш нема да ми простат за тоа и бев во право“, изјави Вучиќ за ТВ Информер, алудирајќи на гласањето во 2024 година во ГС на ОН, кога беше усвоена резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Вучиќ рече дека е ангажирано се што е можно, „од лажни патриоти, од уметници и спортисти“, бидејќи Србија не смее да биде силна и посилна, туку понижена во регионот и да се врати на местото каде што беше до 2012 година.

„Нема ништо од обоената револуција“, рече Вучиќ.

притисни ентер