ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пензионерите ги крадеше со лопата, а им враќа со лажичка

По направениот хаос во МТСП кој го остави Мила Царовска со креирање на нефункционални законски решенија во која се спојуваат ПРАВА и УСЛУГИ, таа продолжува со исто темпо како вицепремиерка за економски прашања.

Создавајќи лажна слика за пензиите, доведувајќи ја во заблуда јавноста, посебно пензионерите .

Таа се фали дека ги зголемува пензиите за пензионерите, а пред тоа им ги скрати пензиите по законот за порамнување на пензиите.

Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно.

Со кратење на средства за социјално ранливите категории на граѓаните, а и манипулациите со покачување на пензиите, Царовска покажува дека се неспособни, но истовремено и неискрени кон граѓаните. Власта на СДССМ и Царовска не го решава проблемот на граѓаните со лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија.

Граѓаните знаат дека тоа што СДСМ им го зеде со лопата сега им го враќа со трошки.

Интересот на граѓаните е пред се, но не со кратење на средства на социјално ранливите категории. Народот гледа и знае да процени и затоа Царовска и СДСМ ќе бидат казнети на изборите на 12 април.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Правда: Словаците ги ценат придобивките од ЕУ, но не се грижат за европските избори и за Брисел

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

Словаците ги ценат предностите на Европската унија, но изборите за Европскиот парламент не ги интересираат многу, а покрај кампањите, сличен тренд е забележлив кај сите членки на Европската унија и се заканува опасност да се зголеми силата на маргиналните партии и евроскептиците во ЕП, пишува словачкиот весник Правда.

„Иако членството во ЕУ овде (во Словачка) се гледа како нешто што се зема здраво за готово, а на политичката сцена никој, освен некои маргинални гласови, не го доведува во прашање, жителите на Словачка едвај обрнуваат внимание на изборите за претставничкото тело на ниво на ЕУ“, пишува весникот.

Во исто време, според Правда, овие избори премногу го поларизираа општеството, а слабиот одѕив се заканува дека партиите кои не победиле на национално ниво или се маргинални ќе влезат во Европскиот парламент, создавајќи „опасност од зголемување на евроскептичните гласови во ЕП“.

Весникот оценува дека Словаците можеби донекаде го научиле тоа, бидејќи излезноста на европските избори во таа земја во 2014 година била само 13,05 отсто, што е најниска во ЕУ на тие избори, додека во 2019 година сепак се искачи на 22,74 отсто.

Но, слаб е интересот и во ЕУ, пишува Правда, а на првите избори за ЕП во 1979 година излезноста беше речиси 62 отсто, а во 2019 година 50,95 отсто.

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

„Далеку од тоа дека одлуките на ЕП се секогаш совршени, но во наши раце е да влијаеме. Дури и нашите претставници, во наша полза, ќе можат да кренат раце за или против мерките на Брисел“, пишува весникот.

Сепак, пишува Правда, „Словаците, едноставно кажано, немаат доверба во Брисел“.

„Словаците сè уште се само Европејци на хартија, но не и во нивните срца и умови“, наведува Правда. /МИА

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со нејзините краци. 

Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата ,,Марко Орешковиќ” која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении.

Зафатот се одвиваше на потегот од улицата ,,Мариовска”, опфаќајќи ја улицата ,,Марко Орешковиќ” и нејзините краци. Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта - до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Екс директор на фондот за ПИОМ и неговите татко и сестра се сомничат за злоупотреба на 600.000€

Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското во февруари лани објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот.

Неговиот татко ги контактирал лицата кои имале оглас за продажба на куќа во Тетово во вредност од 260.000 евра, и договорил прво да потпишат договор закуп на недвижниот имот со Фондот, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот на неговата ќерка односно сестрата на директорт на фонодт.

-Имено, на 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.).

Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на таткото бидејќи имале договор,и куќата била продадена на неговата ќерка.

Со ваквите дејствија според МВР трите лица ја изиграле постапката и ги повредиле прописите со што нанеле штета вредност од 614.484 евра од Буџетот.

притисни ентер