ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од прогресивна партија, стана мафијашка структура и извор на криминал

Блед говор, ништо ново, историски одлуки за историски неуспеси. СДСМ од прогресивна партија стана мафијашка структура и извор на криминал,се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на претседателот на СДСМ,Зоран Заев.  

Сочувствуваме со членовите на СДСМ и ги охрабруваме да си ја вратат партијата назад од мафијата која им ја киднапирала.

Заев велеше ЕУ ќе биде нашиот најдобар пријател, а денес на Заев најдобар пријател му е Седат Пекер, Шкаљарскиот клан и мафијашки босови ширум светот.

Заев донесе хибриден режим и сиромаштија. Никој не живее подобро, само екипата околу него што краде и мести тендери.

6.000 луѓе ги изгубија животите поради Заев. Додека сите во светот трчаа по вакцини, Заев со Филипче трчаше по провизии.

Зоран Заев е истата криминална матрица од криминалната транзиција, а СДСМ се распаѓа поради криминал.

После 5 години, нема ниту еден проект со кој може да се пофали. Има само порази.

Парите наместо кај граѓаните отидоа кај Рашковски и Вице.

Македонија е изолирана, наместо членка на ЕУ, Заев ја направи пријател со Буркина Фасо, Лесото и Гана на листите по криминал и сиромаштија.

Државата е задолжена. Јавниот долг е 62%, односно над 6.5 милијарди.

Македонија плантажа за марихуана за Заеви, а народот аргати.

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово

Советничката листа на СДСМ и колацијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово, составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско.

Ова го порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните.

Спасовски ги повика граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот.

СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски.

Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски, се наведува во партиското сооштение.

Џенифер Анистон во бикини го запали Инстаграм (ФОТО)

Џенифер Анистон на Инстаграм ги покажа резултатите од својот здравствен и фитнес режим со серија фотографии во бикини, пишува Daily Mail.

Вчера таа се појави на Инстаграм за да сподели фотографии од нејзиниот последен одмор на плажа со пријателите, вклучувајќи го и колегата од „Horrible Bosses“ Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка.

На фотографиите, 53-годишната ѕвезда на „Пријатели“, позната по тоа што се залага за секојдневно вежбање и медитација, е снимена со група пријатели на непозната локација на плажа.

На една фотографија се гледа како актерката се релаксира на песокот, правејќи селфи додека лежи на стомак, додека на други го покажува нејзиното затегнато тело.

Македонија се најде во новиот Закон за буџет за одбрана на САД

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

-Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

притисни ентер