МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС во очај, почна да го дели и ветерот на партиски: дали е „на Мицкоски“ или „за граѓаните“?Во својата нова епизода на безидејност и површност, СДС излезе со соопштение во кое „македонскиот ветер“ го прогласи за национално богатство што Владата го злоупотребувала за „приватни интереси“.Станува збор за инвестиција од половина милијарда евра во ветерен парк од приватна компанија, која ќе продава струја на светски енергетски гигант, проект што, според сите светски стандарди, претставува успех и позитивна вест за економијата. Но, според СДС, проблемот е во тоа што ветерот „не останал македонски“. Не знаевме дека и ветерот има партиска припадност, па оттука ги прашуваме: – Кој ветер е „сдсмовски“, а кој „вмровски“? – Кој дуваше додека Заев ја продаваше Македонија, и кој беше одговорен за проветрувањето во кабинетот на Филипче додека се местеле тендери? – Дали ветерот од Атина кој ги донесе бугарските барања за уставни измени е прифатлив за СДС? Очигледно, не е само вселената неограничена, како што рекол Ајнштајн, туку и фантазијата на СДС кога се во опозиција. Наместо да се радуваат што странски инвеститор верува во Македонија и вложува огромен капитал, тие плачат поради ветер што не можат да го контролираат, ниту на терен, ниту во сопствените редови. Граѓаните немаат време за вакви небулози. Тие сакаат поевтина струја, стабилен систем и нови инвестиции. А такви проекти Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно реализира. И ветерот е со нас, затоа што ние знаеме како да ја движиме Македонија напред. СДС, партијата што го продаде името, националноста и јазикот, сега зборува за „македонски ветер“?! Партијата што потпиша предавнички договор со Бугарија, обезличувајќи ја сопствената држава и сопствениот народ, сега одеднаш се загрижила за „националното богатство“ наречено ветер? Партијата што ја потопи државата во корупција, поради која целиот свет денес нè нарекува „северномакедонци“, сега зборува за „македонски ветер“?! Партијата што ги продаде граѓаните, откако претходно темелно ги ограби, денес, во очигледна состојба на политичка и ментална дезориентација, се дрзнува да држи лекции за користењето на ветерот. Ветер кој, за разлика од нив, барем носи енергија, инвестиции и напредок. Очигледно, некој додека го пишувал ова соопштение се водел по платформата „ветерот дува, зошто да не и ние“, па откако се придружил на ветерот – го напишал најнепромисленото и најбесмислено соопштение досега. Ова не е партија што се грижи за интересите на граѓаните. Ова е партија што нема компас, нема идеи, нема срам, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55