Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг СДС повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека државата е пред финансиски колапс. Но проблемот за СДС е што нивната политичка математика не се совпаѓа со официјалните податоци.Тезата дека Македонија „брутално се задолжува“ и дека јавниот долг излегува од контрола паѓа пред една едноставна бројка: на крајот на вториот квартал од 2026 година јавниот долг изнесува 58,8% од БДП. Тоа е за 0,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2025 година и дури 2,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2024 година. Ако долгот „експлодира“, како што тврди СДС, тогаш нека објаснат како неговото учество во БДП се намалува. Одговорот е едноставен. СДС намерно ги собира сите износи на обезбедено финансирање и ги прогласува за „нов долг“, но молчи за милијардите евра што државата истовремено ги враќа. Тоа не е економска анализа, туку политичка манипулација. Само од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра: 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Тоа се 4,556 милијарди евра кои СДС ги нема во својата пресметка. Само годинава целосно е исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, во време на владеењето на СДС. Од неа, 383,7 милиони евра беа исплатени предвремено во февруари, а останатите 327,9 милиони евра при достасувањето. Со предвремената отплата беа заштедени и 3,2 милиони евра буџетски средства. Затоа, пред СДС да држи прес-конференции за тоа кој ја задолжувал државата, добро е прво да погледне кога се создадени обврските што денес ги плаќаме. Оваа Влада денес обезбедува средства за тековното функционирање и развој на државата, но истовремено враќа милијарди евра обврски преземени во минатото. И покрај тоа, јавниот долг во однос на БДП е намален. А што е оставено за плаќање во следните години најдобро покажуваат бројките. Во периодот 2027–2031 година државата треба да сервисира околу 5,129 милијарди евра главница и околу 2,396 милијарди евра камати – вкупно околу 7,525 милијарди евра. Тоа се реални обврски со конкретни рокови на достасување. Затоа сериозна Влада однапред го планира нивното сервисирање и рефинансирање. Само неодговорна опозиција може секое рефинансирање на стар долг да го прогласува за целосно „нов долг“, а притоа да премолчи кој и кога го создал долгот што сега достасува. Најдобриот показател за тоа дали долгот е под контрола не е политички избрана апсолутна бројка, туку неговото движење во однос на економијата. А тука СДС повторно има проблем со фактите: јавниот долг е 58,8% од БДП и е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година. Тоа е одговорот на нивната теза дека „од нешто правиме ништо“. Напротив, се сервисираат милијарди евра стари обврски! Тезата дека „касата е празна“ е уште една политичка конструкција. Фактот дека државата се финансира на домашниот и меѓународниот пазар не значи дека „нема пари“. Тоа е нормален дел од управувањето со јавните финансии – се финансира буџетскиот дефицит, се рефинансираат обврските што достасуваат и се обезбедува навремено сервисирање на долгот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter