ВМРО-ДПМНЕ: СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка

СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка

СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните.

СДС и Филипче немаат демократски капацитет да ги слушнат издржаните аргументи за рудникот во кривопаланечко, кои јавно ги кажува градоначалникот, тие одат против, само за да бидат против.

Не може државата и граѓаните да страдаат поради несигурноста и стравот на Филипче дали ќе го задржи претседателското столче во СДС, и поради внатре партиската битка да се спротивстави на секој што мисли поразлично од партискиот врв.

Со ваквиот начин, СДС и Филипче покажуваат дека не сакаат Македонија да се развива, македонската економија да расте и македонските граѓаните подобро да живеат.

СДС и Филипче уште еднаш покажуваат дека се против се што значи подобар животен стандард за народот.

СДС на Венко Филипче не сака да се отвораат нови производствени капацитети, да се вработуваат граѓани, да земаат повисоки плати, тие сакаат само на нивната, таканаречена, партиска елита да им течат бизнисите, да градат висококатници по Дубаи, да купуваат акции во авиокомпании и да инвестираат во плантажи во Африка.

За благосостојбата на граѓаните и македонската економија не се грижат.

Да се грижеа, немаше за нивното седумгодишно владеење да го осиромашат народот доведувајќи пола милион граѓани на просјачки стап одвај преживувајќи со по 150 денари на ден, и немаше да ја опљачкаат државата носејќи ја до раб банкрот.

Но, сепак има нешто што СДС на Филипче може сега, од опозиција, да го направи. Може што побрзо да се освести и да се консолидира, за да стане релевантна и кредибилна опозиција која ќе ги поддржи проектите во интерес на државата и граѓаните.

Да биде коректив на власта со аргументирана критика, а не само со празни флоскули, само да се биде против, дури иако се работи за општествен и државен интерес.

СДС и Венко Филипче треба да се свесни дека работењето и делувањето спротивно на државните и интересите на граѓаните, од некогаш голема партија ги доведе СДС да биде трета партија во државата со одвај освоени 130 илјада гласа на последните локални избори, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер