ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5% доверба, ни еден пиар трик на Башановиќ не може да ја продаде новата програмa на Филипче - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5% доверба, ни еден пиар трик на Башановиќ не може да ја продаде новата програмa на Филипче

Колку и Венко да се обидува да ја продава својата “нова програма“ како некоја голема промена, вистината е дека ништо ново не постои и дека позади секоја негова изјава и секоја негова “иницијатива“ стои агенда која ја носи СДС во пропаст.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5% доверба, ни еден пиар трик на Башановиќ не може да ја продаде новата програмa на Филипче

Филипче како поранешен министер за здравство се обидуваше да профитира од буквално се што можеше, и му се случија најголемите скандали и го креираше системот кој ја урна довербата кај граѓаните, па затоа сега не може да се претставува како реформатор без тоа да звучи како навреда за интелигенцијата на граѓаните.

Филипче е тој кој во јавноста остави перцепција дека системот се користеше за личните интереси, а не за граѓаните.

Заев и понатаму ја има реалната тежина и влијание врз СДС а тоа се потврдува со лицата кои сега се дел од највисокото раководство на партијата, а се блиски до него.

Ниту еден пиар трик, ниту најдобро осмислена кампања предводена од Башанвиќ не можат да ги избришат скандалите на Филипче за секоја неуспешна политика и секој обид за профит, додека Заев ја води и ја контролира партијата од позадина и гарантира дека истиот модел на лоши практики ќе продолжи.

Филипче е формален лидер без визија, без нови идеи, без способност да промени било што.

Реалноста е дека СДС се наоѓа во длабока криза токму поради луѓето кои ја водат, а Филипче се обидува да им ја избрише меморијата на граѓаните, со вакви нови амбалажи.

Според најновите анкети, СДС е трета партија во државата и нема ни цели 5% доверба од граѓаните, а Филипче како лидер е петти и далеку од тие 5% кои ги ужива партијата . И ова е сурова, непопустлива реалност која не може да се избрише.

Со лидер рангиран уште пониско од самата партија и со пад на довербата кај граѓаните јасно дека ниту една кампања не може да ја прикрие длабоката криза и изгубениот кредибилитет, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Новиот SUV на Xiaomi веќе има повеќе од 100.000 резервации .

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Xiaomi се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели опремени со систем за продолжен досег.

„SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите тркала и систем за продолжен досег, дизајниран за семејни патувања на долги релации.

Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите тркала – исто така со систем за продолжен досег – наменет за секојдневно патување и удобност при возењето.

Подот на возилото е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред располага со седишта што можат да се преклопат.

Двата кросовери се базирани на новата платформа „Kunlun“ на Xiaomi и користат електричен погонски систем со продолжувач на опсегот.

Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“; со должина од 529 сантиметри, тој е опремен со два електромотори – кои испорачуваат 286 КС на предната и 136 КС на задната оска.

Батеријата се полни со помош на 1,5-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 154 КС.

Вкупниот досег со користење и на електрична енергија и на бензин изнесува 1.500 километри според стандардот WLTP. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува досег на електричен погон од 460 до 500 километри.

Максималната брзина е електронски ограничена на 190 km/h, додека моделот N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

Кога батеријата ќе се испразни, сите модели постигнуваат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот WLTC. Системот за потпирање е независен на сите четири тркала и вклучува воздушно...

Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува Revija HAK.

Тоа е неверојатно ниска цена за голем теренец (SUV) со должина од над пет метри. Цените во Европа сигурно ќе бидат повисоки, но неизбежно се поставува прашањето како европските премиум конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел.

Кинескиот медиум „Cailian“ известува дека Xiaomi веројатно надминал 100.000 нарачки во претпродажба за својата почетна линија на возила SkyNomad EREV за само девет дена, при што поголемиот модел N90 се покажал како попопуларен меѓу купувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Министерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. 

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи.

Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација.

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката.

Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Чакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. 

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош.

Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24.

Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер