3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС на страната на криминалот, СДС сака никој да не одговара за мито и корупцијаСДС е партија која наместо да се бори против криминалот и корупцијата, го толерира прикрива и штити.Фактот што во највисоките партиски структури сè уште се наоѓаат лица со судски пресуди, отвора сериозни прашања за вредностите и критериумите на СДС. Наместо дистанцирање и оградување како во случајот со Артан Груби, Филип Андов – Сокол, Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, СДС молчи и ги штити. СДС молчи и го игнорира криминалот и коруипцијата особено кај поранешни свои функционери што дополнително ја поткопува довербата на јавноста. Во изминатиот период, јавноста беше сведок на бројни афери и сомнежи за корупција поврзани со поранешни и актуелни функционери на СДС. Наместо јасна осуда и расчистување, СДС избира да молчи или да релативизира. Особено загрижува селективниот пристап кон правдата што го има СДС. Доколку СДС навистина се залага за правда и владеење на правото, тогаш мора јасно да се дистанцира од сите сомнежи за криминал во своите редови и во сите други случаи, но и да поддржи целосно, независно и транспарентно истражување на секој случај каде што постојат сомнежи за криминал и корупција. Во спротивно, секој молк од СДС ќе се толкува како потврда дека партијата избира да застане на страната на криминалот, наместо на страната на граѓаните и законот. СДС е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има. СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДС Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез отворено проговори за своите неуспешни бракови, вклучително и за разводот од холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек. Таа призна дека, по нејзината најнова разделба, морала повторно да ги преиспита сопствените одлуки и да научи како да пронајде среќа без партнер. Гостувајќи во подкастот „Friends Keep Secrets“ – како што пренесува „Page Six“ – Лопез го опиша разводот од Афлек како разочарување на секое ниво. Таа откри дека со години преминувала од една сериозна врска во друга, верувајќи секојпат дека ја пронашла личноста со која ќе го помине остатокот од својот живот. „Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, раскажа таа. Како што објасни, овие разделби ја оставиле целосно скршена – до тој степен што, во одредени моменти, немала сила дури ни да стане од кревет. Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Како резултат на тоа, морала да научи да се сака себеси. Лопез призна дека дури ни големата популарност не ѝ помогнала да се ослободи од чувството на осаменост. – Долго време бев славна и се чувствував малку изгубено во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други луѓе, но сепак, на некој начин, сте осамени – рече таа. Лопез првпат стапи во брак со Оџани Ноа во 1997 година, а нивниот брак заврши во 1998 година. Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џад. Во трет брак стапи со пејачот Марк Ентони. Заедно ги имаат 18-годишните близнаци Макс и Ема, а се разведоа во 2014 година. На почетокот на 2000-тите беше свршена со Бен Афлек, но раскинаа во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка во Џорџија. Бракот официјално заврши на почетокот на 2025 година.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00