ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја брани Ристоска, очекувано, таа беше нивен играч и пиун - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја брани Ристоска, очекувано, таа беше нивен играч и пиун

И порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја брани Ристоска, очекувано, таа беше нивен играч и пиун

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

И порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.

Не навлегувајќи во нејзината реакција и процедурите во обвинителството кои се нивна работа и одлука, сепак не можеме да споменеме една дилема која ни се јавува додека ја гледаме како мисли дека народот заборавил на Катица Јанева и трите грации од кои очекуваа правда и наместо правда добија Луј Витон афера, но ако беше Ленче Ристоска обвинител со вредности и критериуми и личност која не е врзана со СДС и Заев ќе имаше бар еден случај со кој ќе го докажеше тоа. Ќе имаше бар еден случај со кој ќе докажеше дека сака правда или ако ништо друго ќе се обидеше да провери барем една од стотиците наши индиции за сторен криминал на претходната влада на СДС и ДУИ.

Наместо да ги амнестира оние кои ја направија обвинител во СЈО, СДС и ДУИ, и да глуми жртва апелираме до нејзе да сфати дека моралот не е само збор туку е во својата суштина однесување и делување. Дела, а не зборови. Нејзините зборови ќе имаа поголема смисла ако зад нив имаше дела.

Иако според она што е образложено предметите Талир се предадени на обвинител кој е од обвинителство кое има стварна надлежност над нив, наместо да се заради било каква, а веројатно и партиска подобност држени надвор од секоја логика кај Ристова, како што обвинителството под контрола на СДС и ДУИ ги држеа кај нејзе со години, за да го држи уценето ВМРО-ДПМНЕ со ненормално долги постапки. На пример постапките за Талир траат 10 години и ако правдата функционираше досега ќе имаа епилог, било каков. Ние не навлегуваме во епилогот туку дека требаше да го има. Ако има вина пресуда, ако нема ослободување. Но не. Нема епилог, туку се добива впечаток дека Ристоска ги држеше кај себе за да ВМРО-ДПМНЕ биде уценето.

ВМРО-ДПМНЕ исто како и целиот народ очекува правда, владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата без разлика на функција, партиска, етничка или било каква друга припадност. Кој згрешил, кој прекрши закон мора да одговара. Затоа овие обиди на Ристоска да глуми жртва ги сметаме за нејзиното дополнително одработување против правдата во Македонија и во заштита и обид за дефокусирање на темата од криминалите на СДС и ДУИ и обид да се продолжи перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи со праксата за перцепциска вина на партијата, кои СДС и ДУИ го правеа со години, за да ги кријат своите криминали и за да ги прават предавствата на народот и државата. Ова фрлање пердуви, иако и самата знае дека не е аргументирано и не е правно и праведно, е само уште еден доказ за нејзините намери и цели.

Заврши времето на политички агенди и инструментализација на правдата. Да беше Ристоска со вредности како што кажува, ќе си одеше од СЈО кога се делеа награди, кога лапаа награди, покачувања, дополнителни плати кои ги делеа сите таму и кога шетаа Луј Витон торбици. Таа не само што остана таму туку продолжи да биде десна рака на Катица Јанева. За сега да глуми жртва и борец за вредности. Народот памети се. И среќа нема кратка меморија како што Ристоска, исто како и Заев сметаат.

За крај не сакаме да навлегуваме во детали за нејзините обиди за лобирање кај ВМРО-ДПМНЕ, и неуспешната амбиција да оди во странство, кое ако успееше сигурно Ристова немаше вака да реагира и ќе и беше сеедно дали Талир или било кој предмет е кај нејзе или не е.

Ја познаваме добро Ристова, а некои од нашите членови и предобро, и оваа глума не проаѓа. А не проаѓа ни кај народот кој сака правда кој е свесен за улогата на СЈО и изневерените очекувања, и за предавствата и криминалите кои се случуваа со години во државата, додека Ристова беше обвинител, не ги забележуваше, и со прст не мрдна да ги спречи и санкционира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. 

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia.

Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација.

Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања.

„Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“

Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа.

Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа.

Таа е свесна за своето влијание врз модата

Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа.

Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS.

Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН.

Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени.

Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор.

Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина.

Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево.

Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво.

За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност.

Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота.

Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти.

Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот.

Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари.

Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер