ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска се фабрика за лажни вести

 Кузеска освен што лаже и манипулира злоупотребува податоци со доверлива содржина.

СДС секојдневно се повеќе тоне во сопственото политичко мочуриште.

СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина.

СДС и Кузеска манипулираат со јавноста. Работните места во Агенцијата за национална безбедност се класифицирана информација, а информациите кои Кузеска ги сподели се лажни.

Кузеска пред да почне да лаже и обвинува треба да знае дека Љупчо Андоновски како советник на Претседателот на Владата има повеќе од 35 години работно искуство на највисоките позиции кои се однесуваат на безбедноста на државата.

За разлика од СДС и Кузеска кои ја уништија и уназадија државата, Андоновски бил вклучен во најзначајните моменти за градењето на независна и самостојна Македонија, од 1991вата, 2001вата, но и етаблирањето на македонските безбедносни институции.

Андоновски е квалификуван, има кредибилитет и е докажан во својата област. Неговиот бекграунд доволно говори за неговите достигнувања.

Андоновски е Магистер на науки е од областа на безбедноста, со специјалност на меѓународната соработка во спречувањето на транснационалниот тероризам, признат и респектиран од сите стратешки партнери на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

 Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA), јави аргентинскиот весник „Кларин“.

Во интервју за телевизијата „Тодо Нотисиас“, Милеј го релативизираше случајот, споредувајќи го со коцка: Ако одите во казино и загубите пари, на што се жалите, ако однапред знаете како функционира?.

Тој инсистираше дека учесниците во купопродажбата на криптовалутата, чии вредности нагло пораснаа, а потоа паднаа откако многумина брзо ги повлекоа вложувањата, „добрo знаеле што прават“ и „доброволно влегле во тоа“.

- Тоа е проблем меѓу приватни лица. Државата нема никаква улога тука, рече тој, дистанцирајќи ја аргентинската влада од можни обвинувања за измама.

Истовремено, тој негираше дека добил финансиски надомест за промовирањето на $LIBRA: „Тоа беше чист импулс“, рече Милеј, тврдејќи дека сакал само да сподели информација за нешто што изгледало профитабилно.

- Сите што учествуваа знаеја многу добро во што се впуштаат. Не е како да не беа свесни за ризикот, додаде аргентинскиот претседател.

Во меѓувреме, судија во Аргентина доби задача да води истрага за односот на претседателот Милеј со криптовалутата $LIBRA, поради наводите за измама.

Вчера, федералната судијка Марија Сервини беше избрана по случаен избор да раководи со истрагата, која ќе испита дали Милеј постапил незаконски.

Некои опозициски политичари предупредија дека Милеј може дури и да се соочи со судење за импичмент, во зависност од исходот.

Скандалот избувна во петокот, кога беше лансирана криптовалутата $LIBRA. Милеј го искористи својот налог на социјалната мрежа Икс за да ја промовира крипто-монетата, велејќи дека е дизајнирана да поттикне „економски раст преку финансирање мали бизниси и стартапи“.

Засилена со таква поддршка од висок профил, криптовалутата накратко достигна пазарна капитализација од 4 милијарди долари. Но, неговата вредност брзо почна да паѓа, што ги натера некои да ја наречат измама.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран за втор мандат

Милановиќ повторно беше избран за претседател на 12 јануари, кога во вториот круг го победи својот противкандидат Драган Приморац, поддржан од ХДЗ.

ретседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска ќе положи заклетва за својот втор петгодишен мандат. На инаугурацијата во Претседателската палата на Пантовчак ќе присуствуваат околу сто гости, меѓу кои и четворица потпретседатели на Саборот, но никој од Владата.

Милановиќ повторно беше избран за претседател на 12 јануари, кога во вториот круг го победи својот противкандидат Драган Приморац, поддржан од ХДЗ.

Инаугурацијата, која ќе започне на пладне, ќе ја следат поранешни претседатели на државата, претставници на институции и здруженија, припадници на вооружените сили, верски лидери, лидерите на партиите што го поддржаа Милановиќ, како и неговото семејство и пријатели.

Свеченоста ќе започне со постројување на Почесната гарда пред Претседателската палата, а потоа претседателот Милановиќ со сопругата Сања ќе влезе во свечената сала, каде што ќе бидат поканетите гости и судиите на Уставниот суд.

На оваа инаугурација ќе има повеќе гости отколку пред пет години, кога присуствуваа околу 40 лица. Меѓу гостите ќе бидат и тројца поранешни претседатели – Стипе Месиќ, Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ.

Милановиќ испратил покани до премиерот Андреј Пленковиќ и потпретседателите на Владата, но тие нема да присуствуваат. На свеченоста нема да дојдат ниту претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и потпретседателот Жељко Рајнер од ХДЗ, кои се извиниле.

Флик: Среќни сме, Барселона е на врвот во Ла Лига

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0).

-Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го правиме. Рајо нема пораз девет натпревари по ред, па победата е голем успех. Одигравме добро, но можеме да бидеме уште подобри, изјави Флик за „Barca Universal“.

По овој натпревар Барселона е на првото место на првенствената табела со 51 бод, исто колку и Реал Мадрид кој е на второто место. Рајо Ваљекано е на шестото место со 35 бодови.

Каталонскиот клуб сезонава игра добро и во Лигата на шампионите каде како второпласирана по првата фаза избори директен пласман во осминафиналето.

притисни ентер