МакедонијаВМРО - ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазикСДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти.Лицемерието на СДС нема крај. Тие кои ги распродаваа националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, сега глумат загриженост. СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за да го деградираат македонскиот јазик. Потпишуваа понижувачки договори кои ја негираа неговата посебност. Цела македонска јавност го слушаше Зоран Заев, кој на телевизија, без око да му трепне и без гласот да му затрепери, тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти. Кога СДС лицемерно изразува грижа за македонскиот јазик, пред да излезат на прес-конференција, само нека се потсетат на периодот на нивното владеење на чело со Заев. Затоа што тие се тие кои што ги опустошија македонските национални интереси и трајно ги нарушија позициите на Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Реакција на прес-конференцијата на СДСМ Тагови: ВМРО-ДПМНЕ СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младитеПо потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска.Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Парламентот, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација, заедно со партнерски установи, невладини организации, организирано со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Потписниците потврдија дека ќе се заложат за градење на безбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност и психосоцијална поддршка, посилна координација помеѓу одговорност меѓу институциите и други превентивни методи. По потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска. Таа истакна неколку клучни точки за превенција и сузбивање на насилството помеѓу младите. Пратеничката Бојковска напомена дека како координаторка на Клубот за младински прашања и политики, ќе се заложи за поголема интеракција со останатите институции за поефикасна и темелна имплементација на оваа Декларација. Исто така, од нејзина страна беше истакнато дека се работи на менталното здравје на младите, бидејќи тоа претставува фундаментален елемент за секој поединец. Освен за младите, нагласи дека и родителите треба повеќе да се вклучат во интеракцијата со своите деца, сè со цел да се надминат проблемите со кои тие се среќаваат во адолесценцијата.Тагови: декларација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република АлбанијаДенеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини. Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.Тагови: One Stop Shop Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаГрад Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓанитеСкопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град. Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина. Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди. Затоа што го сакаме Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter