ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги остави граѓаните со 150 денари на ден, сега се зголемуваат платите и пензиите - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги остави граѓаните со 150 денари на ден, сега се зголемуваат платите и пензиите

СДС ги остави граѓаните со 150 денари на ден, сега се зголемуваат платите и пензиите, инвестициите се историски највисоки.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги остави граѓаните со 150 денари на ден, сега се зголемуваат платите и пензиите

СДС ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари на ден. Лицемерието на СДС не престанува. Кога СДС зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60% и историски највисок во нивно време. Инвестициите како Фејсбук, Гугл и стазата за Формула 1 останаа само во фантазијата на Заев и Филипче.

Пред да кажува СДС како се живее во државата, нека го праша Филипче и неговиот ментор Заев од каде им се парите за висококатници во Дубаи, за акции во индиска авиокомпанија, за скапи јахти од приближно 1 милион евра?

Ако се живее навистина тешко, нека кажат како Заев и Филипче со пратенички, министерски, докторски или премиерски плати, успеаја да купат јахти, акции и облакодери низ светот?

За разлика од нив, граѓаните живеат доста поскромно, но за разлика од времето на СДС, не преживуваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионери за 7000 денари, ги зголеми платите во МВР, образование, здравство, култура, социјала и администрацијата. Од денес почна и новата мерка за училишен прибор, во која семејствата ќе заштедат од 800 до 2000 денари овој месец. Цената за струјата не се зголеми за 12 месеци ниту за 1%. Дополнително, се помага на социјално ранливите семејства. Само во делот на енергетиката, се направени инвестиции од 1,5 милијарди евра. Тоа значи и отворање на нови работни места. Македонија е 4та во Европа според растот на БДП во првиот квартал, а 6та во светот по привлекување на странски инвестиции според БДП.

Ова се резултатите на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се се постигнува кога се работи чесно и транспарентно. Фактите говорат за раст, развој и искрена грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано гради за својот народ, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер