Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја далСДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело. Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт. Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти. А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“. Сите го гледаат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook