ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите
2ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од нивниот мегафон Тричковски-СДС да се огради од нивниот мегафон Тричковски, во спротивно ќе се смета дека тие го одобруваат и стојат зад повикот за ликвидација на Мицкоски.СДС потона во својата безидејност и очај. Немајќи што да му понуди на македонскиот граѓанин, СДС потпре на нејзините мегафони кои шират омраза и повици на насилство, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Безидејниот СДС, политиката и изборната кампања ја сведе во поле на омраза, наместо натпревар на идеи, проекти и визија. Нивниот долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник, Бранко Тричковски повторно премина на неговите морбидни повици за ликвидација на претседателот, Христијан Мицкоски. Во врска со настанот од пред некој ден за лажна дојава на бомба во центарот на Скопје, долгогодишниот перјаница на СДС, Тричковски на социјалните мрежи, со многу морбиден речник пишува дека „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“. Ваквиот јавен повик за убиство не е и не може да се смета за слобода на говор, ниту метафора, тоа е повик за криминален акт против животот на друг човек. Исто така, овој испад не е изолиран случај или дело на лице со нарушена психолошка состојба, туку тоа е резултат на очајот во кој се пропаднати СДС и нивниот политички банкрот. Ова не е еден човек што зборува сам за себе, туку ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили. Многу е јасно кога гласноговорниците и мегафони на СДС повикуваат на распарчување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер во период на изборен процес, тоа не е црн хумор, туку црна кампања насочена кон создавање страв, поделби, дестабилизација. Меѓу другото, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки, дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува. Затоа што сите кои го споделуваат, оправдуваат или ќе го штитат овој човек се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика. Токму поради тоа ги повикуваме надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални врски со политички структури, а СДС јавно да се оградат од овој срамен чин. Ако СДС молчат, тоа ќе биде доказ дека ја одобруваат ваквата морбидна реторика и дека стојат зад неа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата да стане кампања и ќе ги брани институциите на системот, државата и демократијата од секој обид за насилство, без разлика од каде доаѓа. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптеритеВенко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска. Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи. Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот. Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста. Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра. ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија. Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен. Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ . Далечинско кога болат фактите. Кога се случува? Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство. Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата. Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен. Со месеци го говориме. Сега се потврдува. Лаура Ковеши пред членство. Не после. Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа? Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот. Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија. Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра. Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра. Кога ја откривме големата пљачка на Македонија. Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап. Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот. Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба. Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0. Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз. Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија. Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус. Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила. СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата. Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува! Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook