Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
2Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ревизорски извештај и хаос во правната регулатива во енергетиката Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.Државниот завод за ревизија објави конечен извештај за извршена ревизија на успешност за Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза. Извештајот се концентрира повеќе на техничката подготвеност на постројките. Констатирана е неспремност на енергетскиот систем технички да се справи со енергетска криза. Потврдени се многу укажувања во изминативе години од ВМРО-ДПМНЕ за несоодветно работење на енергетските компании и Владата. Најсимптоматична е абелешката дека блок 3 во РЕК Биотла не бил во погон повеќе од една година и затоа се изгубени 1.621 илјади MWh. Причина за ваков застој е појавен дефект на блок трансформаторот кој се уништува при стартување на блокот. За ова нема никаква одговорност. Истиот се носи на поправка и потоа се става во резерва без да се испита на терен дали е технички исправен и дали стои спремен за погон. Ова е тотално незнаење на раководниот тим на ЕЛЕМ како да се испита трансформаторот иако е тоа обврска во договорот за поправка. Нарачан е наводно нов трансформатор кој се изработува во време од неколку месеци што претставува техничко-технолошко чудо за ваков вонсериски производ освен ако не е претходно припремен коруптивен договор. Истиот закасни со испорака и време на ставање во погон и наместо да се наплати гаранција и бара надомест на штета се премолчува целата оваа обврска. Извршена е набавка на помошна механизација, но не е целосно според потребите на рудниците. Иако од 2017 година се оставени копмлетно проекти за набавка на нова помошна механизација и главна рударска опрема, ниеден од овие проекти не е реализиран. Она што сега е реализирани за 25 мил. евра не одговара целосно на потребите. Целта на овие набавки е да се елиминира ангажирање на надворешни компании за ископ и транспорт на јаглен и јаловина. Видно од извештајот дека и понатака силно се користи надворешна механизација од приватни компании што е предмет на сомнежи за коруптивни зделки без објава на оглас и со директно преговарање. За овие работи ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пати предупредувано, но нема реакција од надлежните институции. Државниот ревизор во конечен извештај за ревизија на успешност и подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетска криза констатира една општа вистина, а тоа е дека надлежните институции и енергетските компании не преземале доволно ефикасни мерки да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок. Констатирани се слабости и хаотично делување во зголемување на производни капацитети од обновливи извори на електрична енергија. Во време на енергетска криза нема зголемување на домашното производство на електрична енергија. Наместо тоа исторошени се 588 милиони евра од буџетот на Република Македонија за набавка на електрична енергија од берзите на слободниот пазар и од HUPEX- унгарската берза. Република Македонија една третина од потребата за електрична енергија ја задоволува од увоз. Многу е симптоматично што за период од 2019 до 2022 година загубите на електрична енергија во пренос и дистрибуција се движат во граници од 20% од вкупното домашно производство на ел.енергија . Просек производство 5.4 GWh, а загуби 0.98 GWh. Тоа се дел технички загуби кои нормално може да бидат во граници од 5-7%, но останатиот дел до 20% се кражби на електрична енергија во дистрибутивната мрежа. Нема активност за решавање на вакви кражби на електрична енергија. Нјаголем дел од законските и подзаконските акти кои го регулираат енергетскиот сектор или не се функционални или не се донесени. Ќе ги споменеме само поважните: Подобрување на енергетска ефикасност практично нема. Не е формиран фонд за енергетска ефикасност иако има можност во законот за енергетска ефикасност. Нема донесено Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за период 2021-2025 година иако нацрт верзија за истата е изготвена. Не донесена Програма за реализација значи дека развојот на енергетиката е хаотичен или воопшто го нема. Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ е обврска согласно Законот за енергетика од 2022 година, но овој план се уште не е донесен. Нема донесено Стратегија за реконструкција на згради за домување, јавни и комерцијални згради. Рокот бил до февруари 2022 година од Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски. Уредба со која се утврдува обврзувачка шема за енергетска ефикасност не е донесена од страна на Владата на предлог на министерство за економија. Во однос на термоцентралите согласно националната енергетска стратегија се предвидува намалување на производство на електрична енергија од јаглен и користење на природен гас или водородно гориво. Ништо не е преземено да се реши овој базичен проблем во енергетиката. Во период од 2019 до 2022 година индикативно е што АД ЕСМ купува електрична енергија на отворен пазар по многу висока цена, а кога има вишоци продава на берза по многу пониска цена. Загрижува фактот што АД ЕСМ се уште нема добиено А-интегрирана дозвола за работа за РЕК Битола иако за тоа се потрошени 61.4 миниони евра. Според месечните извештаи за мерење на загадувачки елементи во воздухот, регистрирано е многу големо присуство на загадувачки супстанци ( SO2, NOx и прашина) во воздухот при што во некои мерења надминати се дозволените вредности над 20 пати. И за ова загадување и труење на населението нема покренато никаква одговорност од надлежните институции. Набавки на мазут и природен гас се обременети со силни сомнежи за коруптивни зделки. Во 2021 година Република Македонија е прва членка од западен балкан која стана членка на Powering Past Coal Alliance - за напуштање на јагленот која се обврза дека до 2030 година ќе го напушти јагленот за производство на електрична енергија. Сеуште нема одговорност за ваквата “храбра“ непромислена одлука бидејќи со оваа одлука последиците по македонската економија ќе бидат екстремно негативни. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМарк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титулаВозачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.Маркез ја оствари својата седма победа сезонава во Сепанг и е на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од тимот на „Априлија“ се здоби со скршеница на зглобот. Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од тимот „Гресини“ заврши трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција. До бодови на трката во Малезија стигнаа и Енеа Бастианини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес и Икер Лекуона. Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332. До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП остануваат уште три тркачки викенди, а следниот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Катар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураТеатарската претстава „Татко“ со две нови изведби во ЛабораториумПо октомвриската премиера, театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ, повторно ќе биде изведена на 4 и 5 ноември 2026 година, во Културниот центар Лабораториум во Скопје. Претставата е во продукција на Перипетија продукција, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков. Иако напишана пред повеќе од еден век, драмата на Стриндберг отвора прашања кои и денес се длабоко присутни во општеството. Во оваа сценска поставка, класичниот конфликт меѓу брачните партнери добива нова перспектива, преку која се преиспитуваат механизмите на моќ, контролата и психолошкото насилство во интимните односи, како и последиците што тие ги оставаат врз семејството. Современата адаптација на Тамара Барачков прави значајно поместување во однос на оригиналниот текст. Женскиот лик повеќе не настојува да ја докаже непресметливоста на сопругот, туку бара институционална помош и заштита од психолошкото насилство на кое е изложена. Со ова поместување, претставата ја напушта едноставната поделба на жртва и виновник и отвора простор за преиспитување на одговорноста на двајцата партнери, но и на општествените механизми кои овозможуваат насилството да остане непрепознаено или нормализирано. Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи. Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00