ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже.

Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција.

Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев.

И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните.

Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење.

Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи.

Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази.

Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност.

Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност.

А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето.

Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за Барутана

Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана.

Демант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за Барутана

Не поседувам никаков имот на посочената локација, ниту имам каков било интерес во врска со истата. Тоа се однесува не само на мене, туку и на компаниите кои се во моја сопственост и сопственост на членовите на моето семејство.

Овие факти лесно може да се проверат во Централниот регистар и надлежните институции.

Споменувањето на моето име во текстот на Призма е надвор од секаков контекст во врска со Барутана и се сведува на наведување на деловни активности од пред десет години кои на никаков начин не се поврзани со актуелниот случај, при што на ваков тенденциозен начин на известување, доведуваат до креирање на погрешна перцепција кај јавноста.

Не знам кои се причините за пласирање на вакви невистини и мое инволвирање, но секое изнесување на неточни и непроверени информации кои може да нанесат штета повлекува одговорност.

Затоа барам согласно Законот за граѓанска одговорност да биде објавен овој демант и да бидат повлечени лажните информации.

Сашо Мијалков

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP).

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP), организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум. Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, насочена кон развој на современи и флексибилни регулаторни пристапи во услови на забрзан технолошки развој.

Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на предизвиците што брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција, ги поставува пред институциите, регулаторните системи и општествата. Тој нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

„Можеме да делегираме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме одговорноста“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека современата регулатива треба да создава простор за иновации, но и соодветни механизми за заштита, пропорционални на ризиците.

Посебен акцент беше ставен на потребата од поголема меѓународна регулаторна соработка, размена на искуства и активно вклучување на помалите држави во обликувањето на глобалните правила и стандарди за новите технологии. Токму меѓународната соработка и развојот на практични, приспособливи регулаторни решенија се меѓу клучните цели на GRIP.

Осврнувајќи се на нашата држава, министерот истакна дека дигиталната трансформација претставува конкретна можност за зголемување на конкурентноста на домашните компании, отворање нови перспективи за младите и обезбедување поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги од институциите.

Во таа насока, Муцунски повика на развој на конкретни регулаторни пилот-проекти, споделување успешни практики и создавање решенија што ќе бидат достапни и применливи за држави со различни институционални капацитети и ресурси.

„Интелигентната ера ќе го тестира квалитетот на нашето расудување исто колку и моќта на технологијата. Потребна ни е храброст да иновираме и мудрост да го зачуваме она што му дава смисла на напредокот“, порача министерот Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори брод кај Миконос- во тек е голема акција за спасување (ВИДЕО)

Пожар избувнал на товарниот брод „Blue Carrier 2“ додека пловел северно од Миконос во петок наутро.

Гори брод кај Миконос- во тек е голема акција за спасување (ВИДЕО)

На бродот имало вкупно 29 лица - 28 членови на екипажот и еден патник, објавува порталот Protothema.gr..

Сите биле безбедно евакуирани, а кратко по 11:20 часот биле качени на брод на грчката крајбрежна стража кој ги транспортира до островот Тинос.

Според последните информации, пожарот избувнал на камион кој се наоѓал во гаражата број 4 на бродот.

Четири патролни чамци на крајбрежната стража, еден патролен чамец, два глисери на противпожарната служба, еден противпожарен чамец, два реморкери, како и други пловила и бродови што се нашле во близина интервенираат на местото на настанот.

Екипа од Единицата за подводни мисии е исто така испратена во акција за да помогне во операцијата. Во областа дуваат северен ветер со јачина од четири бофорт.

Сите 29 лица на товарниот брод безбедно пристигнале на Тинос.

„Blue Carrier 2“ е товарен брод Ро-Ро под грчко знаме, изграден во 1997 година. Долг е приближно 162,5 метри и има бруто тонажа од 23.986.

Соопштение на компанијата

Компанијата „Атика Ферис“ објави дека пожарот избувнал во петок, 25 септември 2026 година, во 8:57 часот наутро, додека бродот „Blue Carrier 2“ пловел во морето северно од Миконос, по својата редовна рута.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, биле активирани пропишаните безбедносни процедури, а екипажот започнал со гаснење со свои средства. Надлежните органи веднаш биле известени за настанот.

Евакуацијата на бродот била извршена на организиран начин и во согласност со безбедносните процедури, а сите 29 лица на бродот безбедно го напуштиле бродот.

Компанијата во последователно соопштение изјавила дека ангажирала специјализирани компании кои, во соработка со надлежните институции, ќе преземат сите потребни мерки во врска со заштитата на животната средина и управувањето со ситуацијата на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер