ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на Венко Филипче - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на Венко Филипче

Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и повредените и нивната финансиска помош и состојба е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто. 

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на Венко Филипче

Човекот кој заради криминал ја презема модуларната и наместо друго министерство тој распиша тендер кој го доби Кочо Анѓушев потпретседателот на таа влада, за потоа да изгорат живи луѓе пациенти во таа болница, сега се дрзнува да соли памет и да глуми лажен душегрижник на сметка на трагедијата која е незапаметена и не потресе фундаментално сите како граѓани на државата.

Ние имаме предлог до Филипче, нека даде 10 посто од парите кои тој, Зоран Заев, Вице Заев, Спасовски, Зечевиќ, Ковачевски, Груби, Ахмети, Бектеши, Пуцко, и другите знајни и незнајни јунаци на легендарната генерација на лопови од СДС и ДУИ и не само Кочани туку и цела Македонија ќе живее среќно и сите потреби на граѓаните ќе бидат задоволени.

Не е за џабе што таа генерација на власт ја споредуваат со легендарната кошаркарска на Чикаго Булс на Џордан, Пипен, Родман и другите. Тоа што тие успеаа како кошаркари да го направат толку титули и освоени првенства во НБА, така и овие успеаја да соберат сѐ живо од државата и оправдано ја добија титулата легендарна најлоповска генерација во историјата на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме.

Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново:

„Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“

Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра.

Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска.

Го признава и самата Кочовска.

Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ.

Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат.

Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година.

Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, предизвикувајќи хаос пред влезот во Парламентот утрово, 17 ноември, пред почетокот на првата седница.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Додека идните пратеници минуваа низ кордон, актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата, објави Телеграф.

Патем, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српскиот Парламент, овој пат како пратеничка од партијата СНС.

Актерката беше пратеничка два мандата:

- Од 2007 до 2008 година (7-ми состав)

- Од 2008 до 2012 година (8-ми состав)

Вкупно, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС) во тој период.

Денес (17 ноември 2026 година) се одржува конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Србија, каде што таа повторно се појави како пратеничка, а нејзините мандати во новото свикување штотуку почнуваат да се потврдуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори.

Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа.

„Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко.

Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат.

Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск.

Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила.

Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите.

Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања.

Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер