ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на Симона Цветаноски - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на Симона Цветаноски

Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на Симона Цветаноски

Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше туцуња пари во торба.

Заврши времето кога министерот Филипче договараше провизии од вакцини.

Заврши времето на жути@јаху набавките.

Заврши времето на обидите за приватизација на јавното здравство од Дубаи лекарот Филипче.

За првпат по 8 години има инвестиции во здравството, заврши времето на матните тендери на СДС.

Ги разбираме СДС за нервозата зошто работата во здравството ја гледаат низ призма на пари, тие бројат колку тендери би поделиле, и жалат за времето кое помина. Тоа време никогаш нема да се врати.

Здравството сега се управува одговорно и за потребите на пациентите.

ВМРО-ДПМНЕ

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

 Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. 

Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција

Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице е вчера, а бил извршен увид и од јавен обвините.

Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.

За вториот пожар во населбата „Перо Чичо“ во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.

Вчера околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Во незгодата нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело. Увид извршила екипа на СВР Куманово.

На подрачјето на кумановско имаше 13 пожари, а гореа и површини во Старо Нагоричане.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше работна средба со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој, соопшти кабинетот на Андоновски.

Во фокусот на разговорот бил претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, што ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје, а на кој ќе учествуваат високи претставници на земјите од регионот, меѓународни партнери, како и претставници од приватниот сектор.

Андоновски ја истакнал силната и континуирана поддршка од САД во процесот на дигитална трансформација на Македонија, како и важноста на заедничките активности што придонесуваат за унапредување на инфраструктурата, јакнење на безбедноста и економскиот развој.

- Оваа средба претставува значаен чекор напред во нашите заеднички заложби за дигитална иднина. Благодарни сме за партнерството со САД, кое е клучно за унапредување на реформите и градење на инклузивна и одржлива дигитална економија, оцени Андоновски.

Дигитализацијата останува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, а соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави претставува важен двигател на напредокот во оваа област, стои во соопштението од кабинетот на министерот за игитална трансформација.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија (NIOZ) и Универзитетот во Утрехт.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.

Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ изјави дека овие честички можат да навлезат длабоко во човечкото тело, па дури и во мозочното ткиво.

- Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето. Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита, рече тој.

Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување.

притисни ентер