ВМРО-ДПМНЕ: Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ

Ако продолжат да молчат ќе ги објавиме регистарските таблички, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ

ЈП Градски паркинг со години било претворено во партиски штаб на Демократски сојуз, од каде обезбедувале привилегии во вид на службени возила, телефони и простории за луѓе блиски до нив.

Директори, министри, функционери и разни раководни кадри од власта со години паркирале бесплатно низ Скопје, со што користеле повластена позиција во однос на граѓаните кои плаќале паркинг и со свој џеб ги финансирале овие партиски кадри и функционери.

Борче Јакимовски,член на претседателството на ДС на Павле Трајанов, треба да каже дали со години од плаќање за паркинг ослободувал функционери на СДСМ и ДУИ?

Дали од плаќање паркинг биле ослободени возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Дали е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби?

Дали овие државни функционери назначени од СДСМ и ДУИ ги краделе граѓаните преку бесплатен паркинг за нив и нивните семејства? Доколку поранешниот директор Борче Јакимовски, ДС и СДСМ молчат јавно ќе ги објавиме регистарските таблички на функционерите кои биле ослободени од плаќање на паркинг, а за нив плаќале граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистен случај на подметнување пожар во патничко возило во Прилеп

Кривична пријава против прилепчанецот кој на почетокот на месецот предизвика пожар на патничко возило во Прилеп

Расчистен случај на подметнување пожар во патничко возило во Прилеп

ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.В.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

На 02.06.2026, пријавениот со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „мазда“ сопственост на М.А.(48) од Прилеп, при што возилото било делумно опожарено. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а по преземени мерки тој е пронајден и лишен од слобода. Од судија на предходна постапка на Д.В. му е определена мерка притвор и е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу на трибина за органодарителство

Најдлабока благодарност до семејствата на органодарителите, го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот, вели Алиу.

Алиу на трибина за органодарителство

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на трибина посветена на органодарителство, во организација на Владата, Министерството за здравство и Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителството и трансплантацијата.

„Денес најдлабоката благодарност ја упатуваме до семејствата на органодарителите. Во момент на неизмерна лична загуба, нивните одлуки спасиле други животи. Затоа, органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болничките ходници. За него мора да зборуваме порано, во семејствата, образовните институции, меѓу лекарите и пациентите, отворено, одговорно и без предрасуди. Министерството за здравство, заедно со националната координаторка и трансплантациските тимови, во само два месеца, во рамки на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, сними и објави повеќе од дваесет видеа. Пред јавноста застанаа хирурзи, специјалисти, медицински сестри и членови на тимовите - секој со својата хумана страна на својата професија. Во наредниот период, кон оваа кампања се приклучуваат и граѓански здруженија од оваа област со свои пораки за поддршка на органодарителството“, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој додаде дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување веќе е во финална владина постапка. Со законските измени, секој полнолетен граѓанин при посета на својот матичен лекар ќе треба да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, и тоа безбедно и со двојна верификација, при што секој ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука.

Воедно, министерот Алиу потенцираше дека кога системот ќе започне со примена, ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител.

„Со поддршка на Владата и на сите релевантни институции, темата за органодарителството конечно ја поставуваме таму каде што припаѓа, во средиштето на јавниот разговор. Нашата цел не е само да имаме медицински подготвени тимови. Потребно е да изградиме и општество кое ја разбира вредноста на дарувањето, му верува на системот и знае дека една одлука може да спаси повеќе човечки животи. Ова е само почеток, институционалното темпо ќе го засилуваме, системот нема да се предаде затоа што некаде некој чека“, порача министерот Алиу.

Воедно, тој упати голема благодарност до сите трансплантациони тимови кои беа дел од сите сложени операции операции досега: Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, Клиниката за ортопедија, Клиниката за урологија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за нефрологија, Институтот за радиологија, Институтот за трансфузиологија и централна стерилизација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Делхи измерени 64°C

Индискиот главен град Њу Делхи веќе неколку недели е зафатен од топлотен бран, при што температурите редовно надминуваат 40 степени Целзиусови.

На улиците на Делхи измерени 64°C

Иако апликациите за временска прогноза предупредуваат дека вистинската температура е секогаш неколку степени повисока, реалната ситуација на улиците на градот открива уште подрастична слика.

Додека Индискиот метеоролошки оддел (IMD) минатиот вторник регистрираше максимална дневна температура од 43,5°C, термовизиските камери на некои локации покажале површински температури кои достигнувала и до 64°C, објавува BBC.

Оваа разлика произлегува од методологијата на мерење.

Официјалните податоци од IMD се однесуваат на температурите на воздухот под стандардизирани услови, додека термалните камери ги снимаат температурите на површината.

Во топли денови, патиштата, бетонот, возилата и другите изложени површини можат да станат значително потопли од околниот воздух. Високите површински температури ја зголемуваат топлината што ја апсорбира човечкото тело преку зрачење, што може да ги направи урбаните области да изгледаат значително потопли од официјалната температура, особено таму каде што нема сенка или зеленило.

Теренски тим на Greenpeace India со термална камера посетил една од најпрометните раскрсници во градот по пладне. Кога истражувачката Нибедита Саха ја насочила камерата кон области под надвозник, отчитувањето било 42°C. Но, кога ја свртела камерата кон мотоциклистите што чекале на семафор на директна сончева светлина, температурата се искачила на неверојатни плус 64°C. На асфалтот на кој стоеле измерена е температура од 61°C, а само три метри подалеку, во сенката на дрво, температурата била „само“ 39,8°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер