ВМРО-ДПМНЕ: Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата

Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата, само ги распродаваше националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Предавничката СДС се однесува како падната од Марс.

Како денес да се појавиле на политичката сцена, а не како од независноста до сега во повеќе наврати ја воделе државата, а и само до пред само две години биле власт во Македонија.

Така, како млада невеста, предавничката СДС седи и ги лови проблемите со кои се соочува државата, без да спомене дека половина од времето од независноста до денес биле власт и за државата ништо не направиле, освен што ги распродавале националните интереси.

И сега без ни трошка одговорност и кредибилитет зборуваат за водата за пиење, токму тој талогот од СДС кој со години свесно дозволи гостиварци бавно да се трујат со небезбедна вода.

Во периодот на власт на СДС, особено во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство, направени биле околу 400 испитувања на водата во Гостивар кои покажуваат водата не е исправна за пиење.

А, талогот на СДС, кој сега шири хистерија и наводна грижа за граѓаните, таквите извештаи ги скрија од јавноста и од граѓаните и свесно ги оставија луѓето да се трујат.

И сега истиот тој талог на СДС кој ги криеше извештаите за небезбедната вода и ги остави граѓаните да ја пијат, излегол од комфор зоната и отишол во близина на изворот со кој Скопје се снабдува со вода за пиење.

Проблемите кои се појавуваат, меѓу другото, и со водата за пиење, не се ниту од сега, ниту од вчера. Тие се резултат на децениската негрижа и системски пропусти на минатите влади, на чие чело до пред две години беше предавничката СДС, до сега, кои секако не можат да се решат само во две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но секако, предавничката СДС немаше време да се занимаваат со овие прашања важни за граѓаните, тие беа зафатени со менување на име, прифаќање ултиматуми од соседните држави и потпишување на предавнички договори за распродавање на идентитет, култура, јазик, историја. И секако, сето тоа го правеле за станови и бизниси во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија, хациенди на Водно, скапи коли, луксузни одмори.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер