ВМРО-ДПМНЕ: Пописот е статистичка, а не политичка операција

Зоран Заев продолжува со распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел остварување на своите лични аспирации за власт, пари и моќ.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси.

Полека но сигурно Македонија станува непрепознатлива држава за граѓаните кои целиот свој живот го поминале во неа, но Заев не запира тука. Дали Република Македонија и натаму ќе се редефинира, дали ќе се исцртуваат нови граници?

Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба. Тој мора да запре со политиката на пазарење на сметка на државните и националните интереси со единствена цел зачувување на својата фотелја на Илинденска б.б.

Функциите се минливи, а Република Македонија е се што имаме, Зоран Заев мора да го разбере ова. Премиерската фотелја не е поважна од интересите на македонските граѓани. Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броев. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава.

Заев мора час поскоро да си замине од политиката, овој човек мора веднаш да поднесе оставка за да се стави крај на понижувањата и разочарувањата кои тој им ги сервира на македонските граѓани. Македонија мора да се врати на вистинскиот пат, на патот на реформи и економски просперитет. Стотици наши граѓаните си заминуваат секој месец, на ова мора да се стави крај.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

притисни ентер