ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна.

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва.

Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДС е под 5% доверба.

Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски останува стабилна, и тоа не е поради кампањи туку поради перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.

Граѓаните можат да направат разлика.

СДС има само фасада позади која стојат истите структури, истите луѓе и истите лоши пракси и не можат да ја избришат колективната меморија за периодите на економска нестабилност, двоцифрена инфлација и одлуките кои директно ги засегнаа националните интереси.

Особено кога станува збор за Филипче, чиј профил останува обременет со скандали кои не може да се покријат со ниту еден пи-ар.

Кризата во која се наоѓаат не е резултат на никакви напади, како што стои во нивните соопштенија, туку на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство. Тоа што се сведени на неколку проценти доверба е поради длабоко разочарување кај граѓаните.

СДС е против СДС, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплави во Грција: Атика, Евија, Скијатос и Родос – затворени патишта и забрана за пловидба

Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили.

Поплави во Грција: Атика, Евија, Скијатос и Родос – затворени патишта и забрана за пловидба

Големи поплави, проблеми со сообраќајот, паднати дрвја и прекини во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од лошото време што ја погодува земјата од вчера, со обилни врнежи од дожд и силни ветрови што главно ги погодуваат Атика, Евија, Скијатос и Родос .

Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили.

Метеоролошката служба го ажурираше билтенот за вонредни состојби за опасни временски феномени, со осум области во Родос, Евија и Скијатос, со препораки до граѓаните да ги ограничат своите движења и да ги следат упатствата на властите.

Во исто време, училиштата остануваат затворени во Скијатос, Скопелос, Кикладите. Забрана за пловидба е воведена во Пиреја и Лаврио, а ситуацијата се преиспитува во зависност од еволуцијата на временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат.

На средбите беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата.

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство.

Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Посебно внимание беше посветено на реализацијата на Рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024–2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата која е во износ од околу 700 милиони долари.

Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата.

На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст.

Претставниците на Светска банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата.

На средбата покрај министерката присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер