МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски беше и остана гласноговорник на поразената елита на криминалотДенес, кога државата има премиер што не прифаќа ултиматуми, кога власта се врати кај народот, кога се брани националното достоинство, Стево Пендаровски станува загрижен. Стево Пендаровски, поранешен претседател кој доби функција на поклон од Зоран Заев и чиј мандат остана запаметен по политичка сервилност, дипломатски резилења и рекорден степен на неважност, денес реши повторно да се јави од политичката сенка со уште една серија на празни флоскули. Наместо да се соочи со катастрофалните последици од неговото неработење, Пендаровски се обидува да дели лекции за државност, интеграции и политика. Да потсетиме: Токму тој беше човекот што 5 години храбро ја одмолче секоја неправда и скандал на власта на СДС и ДУИ. Молчеше кога Бугарија го блокираше патот на Македонија. Молчеше кога неговите ментори во Владата ги менуваа учебниците, се откажуваа од историјата и преговараа за идентитетот. Го немаше никаде кога граѓаните бараа правда, кога Македонија тонеше во корупција, сиромаштија и понижувања на двоецот Заев-Ахмети. Пендаровски беше и остана гласноговорник на тивката капитулација. Денес, кога државата има премиер што не прифаќа ултиматуми, кога власта се врати кај народот, кога се брани националното достоинство, Стево Пендаровски станува загрижен. Не за државата, туку за тоа што конечно нема кој да му даде фотелја. Неговите обвинувања за „колосално промашување“ не се ништо друго туку одраз на паниката во редовите на поразената елита. Нека биде јасно: Македонија нема да чека нови уценувања за да стане членка на ЕУ. Нема да тргува со историјата, идентитетот и достоинството. Владата предводена од Христијан Мицкоски е подготвена за реформски процеси, но не и за капитулација. За разлика од Пендаровски, кој молчеше и климаше со глава додека ја кршеа Македонија, денешното раководство зборува јасно, гласно и во интерес на граѓаните. Пендаровски го обвинува Мицкоски за патриотизам. Да, вистина е, Мицкоски е патриот. Но не со зборови, туку со дела: со работа, со визија, со почит кон народот, со одбрана на државните интереси. Пендаровски пак, остана симбол за тоа како изгледа политичар без став, без поддршка и без кредибилитет. 1. Како тоа одиме кон „недемократски држави“ – како што вели Пендаровски – а склучуваме стратешки партнерства со Велика Британија и имаме редовни средби со највисоки претставници на САД, меѓу кои последната беше пред два дена со сенаторот Марко Рубио? Критиката на Пендаровски е или злонамерна или резултат на целосна неинформираност. 2. Пендаровски очигледно чувствува празен политички простор и се турка себеси како нов лидер на опозицијата. Наместо да се повлече и да се засрами за бламот што ѝ го нанесе на државата за време на неговиот мандат, тој, кој тогаш молчеше и одобруваше сè што ја донесе Македонија до работ на национален пораз, денес се јавува како гласноговорник на „загрижените“. Ако денес, според него, нешто не е добро, тогаш нека одговори зошто молчеше кога беше претседател? Дали тогаш сè беше во ред само затоа што фотелјата беше удобна, уцените јасни, а личните интереси пред сè? Зошто тогаш беше тивок како француска собарка пред важен гостин? 3. Пендаровски денес „не видел стратегиски договор со Британија“, човекот кој на Борисов му рече „кај си бе, љубави, те поздрави Зоки“, човекот кој правеше пазар со ДУИ базиран на сервилност и непринципиелност само за да остане претседател. И тоа молчејќи додека тие партии, СДСМ и ДУИ, ја крадеа и уништуваа државата. Ако не видел ништо, подобро и да не гледа. Македонија не му должи ништо, а од него памети само што значи да имаш претседател без ниту еден принцип. На крајот, ако Стево Пендаровски сака нешто да каже, нека почне со извинување: за неговата тишина, за неговото одобрување на срамните понижувања, и за тоа што како „врховен командант“ беше најтивкиот глас во времињата кога државата молеше за правда. Народот веќе пресуди. Вие изгубивте. Македонија оди напред. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногатаТело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска .Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска на 15 ноември беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица. На протестот се појави и нејзиниот татко, Љупчо Ѓорѓиески кој покажа фотографии од неговата ќерка со модрици на лицето. – Ова е ќерка ми Сара, сакам ниту еден родител да не го види ова повеќе, да не го доживее, само толку можам,-изјави Љупчо Ѓорѓиески, татко на Сара Ѓорѓиеска, жртва на насилство. Со транспарент „Охрид Не молчит“ и ниту една повеќе, поголем број на граѓани преку минута молк им оддадоа почит на сите жртви од фемицид, а до институциите испратија барање за сериозно третирање на пријавите за насислтво врз жени. Револтот кај охриѓани, но и кај целата македонска јавност ескалираше откако на Корабоски, кој на Ѓорѓиеска во својот автомобил под дејство на алкохол и нанел тешки телесни повреди, првично му беа одредени само мерки за претпазливост. По притисокот од јавноста, Корабоски беше повторно повикан на распит, а против него е определен 30-дневен притвор и доби кривични пријави за три дела – Нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судењето против Корабоски ќе започне на 27 ноември во Основниот суд во Охрид. Токму со пораки против родово-базираното насислтво и фемицидот граѓанската организација „ниту една повеќе“ и платформата за родова еднаквост, вчера го блокираа булеварот Илинденска пред влада и побараа конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство. Министрите за внатрешни работи и социјална политика Тошковски и Велковски пак, вчера на состанок со обвинителот Савески, договорија побрз институционален одговор и посилна меѓусебна координација при пријавите за семејно насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМаск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“ Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“. „Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп. За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again). На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News. Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи. „Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook