ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
3АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Одговорност има, СДС и Филипче се тие кои велеа да се поддржи сегашното раководство на Гостивар На СДС и Филипче не им е до заштита на здравјето на граѓаните, туку како да добијат политички поен плус, затоа ја злоупотребуваат ситуацијата во Гостивар.СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите. Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции. Локалната самоуправа има јасно дефинирани надлежности во однос на водоснабдувањето и комуналните услуги. Доколку се утврдат пропусти во работењето, тие треба да бидат предмет на одговорност, без разлика на политичката припадност. Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДС. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што има законска или службена одговорност треба да одговара, доколку тоа го утврдат надлежните институции. Нема да дозволиме трагедии и здравствени инциденти да бидат злоупотребувани за ширење политички конструкции и неосновани обвинувања, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФлик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн. -Ова не беше добра вечер за Јамал – какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце. Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“. „Горд сум на Јамал бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЕвропаШокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живиПет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи. Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“. Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI). Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“. Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70. Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАстон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“ Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе. Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите. Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ. „Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд. Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи. „Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.Тагови: Астон Вила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37