„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)
Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)
1„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)
2Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од ископ на јаглен во време на СДС, 9 милиони евра завршиле кај кланот ЗаевиОд ископ на јаглен во време на СДС, 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче, ЈО да отвори истрага.Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев а кои се во тесна врска и со Филипче. Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудио на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на кланот Заеви. Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јагленот исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра. Фирма на Заев е регистрирана на иста адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Додека Македонија била во енергетска криза, а Заев и Филипче тврдеа дека немаат врска со државни тендери, правеле милиони на штета на државата и врз грбот на граѓаните. Од само еден тендер, милиони завршиле кај кланот Заеви и Филипче. Филипче да не молчи, да каже на јавноста која е неговата улога во тендерите со јаглен и кој е пазарот, па е награден со ауди Q8? Одговорност за ваков скандал мора да има ЈО да поведе истрага и да реагира, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНа Диди му се заканува опасност во затворот- се појавија гласини за напад и одмазда за Тупак Рап могулот Шон Диди Комбс наводно се соочува со смртни закани во затвор.Според „Радар онлајн“, стравувањата за неговата безбедност растат по инцидентот во октомври во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси, според извор. Според изворите на порталот, Пи Диди наводно бил претепан и претрпел повреди на главата на 10 октомври откако чуварите спровеле голем претрес и заплениле забранети предмети. Додека некои тврдат дека затворениците биле разбеснети поради губењето на нивните телефони и други бенефиции и го обвиниле Комбс за тоа, анонимен извор вели дека тепачката наводно била покритие за план да го убијат како одмазда за убиството на раперот Тупак Шакур во Лас Вегас во 1996 година. Шон Комбс постојано негира каква било вмешаност во убиството на Тупак Шакур и никогаш не е обвинет за злосторството. Тврдења за заговор и сенка на случајот Тупак Извор близок до порталот тврди дека Комбс наводно не имал потреба од болница по тепачката, туку дека морал да биде преместен. По инцидентот, Комбс бил префрлен во затворот со низок степен на обезбедување Аленвуд во Пенсилванија. Во статијата се потсетува и на случајот на Двејн „Киф Д“ Дејвис, кој беше осуден на затворска казна во октомври, а за време на судењето беше пуштена полициска снимка од 2008 година во која тој тврди дека Комбс наводно понудил милион долари за да го убие Тупак Шакур. Иако канцеларијата на обвинителството на округот Кларк не ја исклучи можноста за понатамошни чекори, правниот тим и службените лица на Комбс ги отфрлаат тврдењата за заговор за убиство. Обвинувања за привилегии и негирања од затворот Според истите извори, тензиите се зголемиле и поради тврдењата дека Диди имал неовластени привилегии во својот претходен затвор - од масажи и специјална храна до наводна употреба на шверцуван телефон и алкохол, што наводно предизвикало гнев кај другите затвореници. Од друга страна, адвокатот на Комбс ги нарече обвинувањата за напад и заговор неосновани, додека претставник на Одделот за корекции негираше дека Комбс бил итно префрлен во болница по тепачката.Тагови: Пи Диди Тупак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина.Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина, а неочекувано, ѕвездите по состанокот станаа албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега Барт де Вевер. Белгискиот премиер Барт де Вевер разговараше со новинарите по состанокот, кога Еди Рама му се приближи одзади и одеднаш го прегрна. Де Вевер не се сврте, туку веднаш ја коментираше ситуацијата. „Мора да е Албанецот. Тој секогаш се приближува одзади“, рече белгискиот премиер, предизвикувајќи смеа кај присутните. Albanian PM Edi Rama hugs Belgian PM Bart De Wever from behind. De Wever: That must be the Albanian guy. He always comes from behind. https://t.co/hSVU84NNEy — Clash Report (@clashreport) November 19, 2026 Според соопштението од германската влада, Коалицијата на волјата се согласи да продолжи со силната заедничка поддршка за Украина следната година, со цел да се зачува безбедноста на сите вклучени. Партнерите ја потврдија својата подготвеност да ѝ обезбедат на Украина безбедносни гаранции по прекинот на огнот, а особено ја нагласија важноста на воздушната одбрана и зимската помош за украинскиот енергетски систем. Изненадување на состанокот беше учеството на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а британскиот премиер Енди Бернам оцени дека нивното присуство претставува значаен чекор напред и ја приближува можноста за одржување вистински преговори. По состанокот, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека наскоро би можеле да започнат мировни преговори, во кои ќе учествуваат Украина, Русија, Европа и САД. Тој, исто така, предупреди дека „форматот од Јалта нема да донесе мир“, и ја наведе постојната линија на контакт како почетна точка за разговори за територијални прашања.Тагови: белгискиот премиер Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
СветЈа пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)Двегодишно девојче е пронајдено како талка во оддалечен дел од пустината во Аризона, речиси шест часа откако беше пријавено дека е исчезнато од семејниот дом.Вела Кампиљо исчезнала во вторник околу 18:30 часот по локално време од нејзиниот дом во близина на Силвер Бел Естејтс, во близина на градот Елој. Нејзините родители, Џозеф Кампиљо и Дајана Фриц, за FOX 10 изјавија дека девојчето залутало додека си играло со своите браќа и сестри додека друг член на семејството се грижел за неа, објави Дејли Меил. „Само што контактирав...“ Потрагата траела со часови, а веднаш по полноќ се случила пресвртница. Девојчето го пронашол Џеј Стјуарт, човек кој се пријавил доброволно да се придружи на потрагата откако слушнал што се случило. Стјуарт ја забележал Вела како талка во пустината во темница. Подоцна рекол дека ја повикал по име, а потоа го слушнал како вреска. „Се свртев и го насочив фенерчето кон грмушките, и таа едноставно се појави“, рекол Стјуарт. Додаде дека моментот му го променил животот засекогаш, според Дејли Меил. „Само ја испружив раката, ја зграпчив и ја прегрнав цврсто. Бев толку среќен што беше безбедна“, рече тој. Според канцеларијата на шерифот на округот Пинал, девојчето било пронајдено во пелена, со температура од околу седум степени Целзиусови. На снимката од полициската камера, која беше објавена, може да се види како Стјуарт го носи девојчето кај полицајците и го предава. Тој останува во близина додека полицајците проверуваат за повреди. „Неверојатно сме благодарни“ Во интервју за FOX 10, тој рече дека Вела не сакала да го пушти кога се обидел да ја предаде на органите за спроведување на законот. „Таа многу се приврза кон мене и бев изненаден. Никогаш порано не сум доживеал нешто вакво“, рече тој. За време на речиси шестчасовната потрага, канцеларијата на шерифот на округот Пинал распореди два хеликоптери, десетици возила, единици за кучиња трагачи и повеќе од 100 луѓе на земја. Мајката на девојчето им се заблагодари на сите вклучени, особено на човекот што ја пронајде нејзината ќерка. „Многу сме благодарни на човекот што ја пронајде и на сите други што дојдоа да помогнат во потрагата и да ѝ покажат колку им е грижа“, рече таа. За своите постапки, Џеј Стјуарт доби и посебно признание. Шерифот Рос Типел му врачи благодарница и значка со која беше прогласен за почесен член на единицата за пребарување и спасување.Тагови: Аризона девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook