ВМРО - ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, а - Канал 5

ВМРО - ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, а

Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка.

ВМРО - ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, а

Вистината е една, а лагите можат да бидат многу.

И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале.

Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго.

Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува.

Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДС го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза.

Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДС и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза?

Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката?

Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ.

Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?

Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза?

Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи.

Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари.

СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

 Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, истиснувајќи ја Италија, која сега е на 11 позиција со пад од две места. Португалија се искачи за едно место и сега е на шестата позиција, додека Холанѓаните паднаа на седмото место.

Белгија остана на осмата позиција, додека на самиот врв нема промени и актуелниот светски шампион Аргентина сè уште го држи првото место пред Шпанија и Франција. Англија остана на четвртото, а Бразил на петтото место.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница, изјави денеска во Владата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот истакна дека уште од првиот ден, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, активно се вклучиле во процесот.

- Заедно покажавме дека кога постои јасна волја, координација и одговорен пристап – резултатите се неминовни. Водевме интензивни разговори, спроведовме дипломатски консултации и градевме заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство, рече Муцунски.

Тој посочи дека остојбата што нова авласт ја наследи затекна е резултат на години запоставување, неодговорно управување и изостанок на суштински мерки од страна на претходната влада.

- Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков – не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати, вели шефот на дипломатијата.

Муцунски потенцира дека зачувувањето на статусот е само прв чекор, останува обврската да се обезбеди долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да се изгради довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство.

Тој упати благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – „за нивната стручност, пожртвуваност и тивка, но клучна работа зад сцената“, што придонесла за оваа одлука на УНЕСКО, која, како што наведе, значи многу за нас како држава.

Келог: На Украина ѝ е потребен нов Маршалов план

Специјалниот американски пратеник за кризата во Украина, Кит Келог, изјави дека меѓународните партнери треба да помогнат во обновата на Украина со лансирање на нов Маршалов план за земјата, јави Укринформ.

Келог: На Украина ѝ е потребен нов Маршалов план

Келог овие свои забелешки ги даде во дискусијата организирана од иницијативата „Европска стратегија на Јалта“ и фондацијата „Виктор Пинчук“, пред денешната конференција за обнова на Украина во Рим.

Американскиот пратеник ја истакна важноста на обновата на Украина, потсетувајќи како САД го имплементираа Маршаловиот план во Европа по завршувањето на Втората светска војна. Според него, истиот пристап треба да се примени и во Украина, иако предупреди дека задачата ќе биде исклучително тешка.

Келог истакна дека ситуацијата е многу комплицирана во моментов и ја нагласи потребата од прекин на огнот. Тој го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот тим за нивното внимателно и разумно водство.

Дипломатот нагласи дека прекинот на огнот навистина може да ја заврши војната и дека Украина се согласила на прекин на огнот, но дека тоа е едностран чекор.

Келлог го насочи своето внимание кон прашањето за враќањето на украинските деца, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е длабоко загрижен за ова прашање и дека во разговорите со Зеленски инсистирал тоа да биде тема во преговорите со Русија - за што добил согласност од украинскиот лидер.

ДПА објави дека европските партнери на Киев на денешната средбата во Рим ќе го претстават фондот за обнова на Украина, а ќе се разговара и за дополнителна поддршка за земјата.

Според германскиот министер за развој Реем Алабали Радован, фондот ќе биде поддржан од Германија, Италија, Полска, Франција и Европската комисија. На состанокот ќе учествуваат и германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

притисни ентер