ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството и судството работат под диктат на Заев и СДСМ

СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев.

Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев.

На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив.

Обвинителството и судството работат под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена.

Политичкиот прогон стана секојдневие.

Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност.

Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.

Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел.

Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.

СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор.

Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.

На Македонија и се потребни промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Вратени старите цени на полисите за автоодговорност, но не и парите на граѓаните

Се уште не се знае дали на околу 10.000 граѓани кои платија поскапо осигурување за регистрација на автомобилите, ќе им бидат вратени пари, откако од вчера стапи на сила одлуката за враќање на старите цени.

Канал 5 стапи во контакт со неколку компании, од каде ни соопштија дека евентуално враќање на средства ќе биде заеднички став во консултација со Групацијата на осигурување при Стопанската комора.

Од Групацијата, засега не ни одговорија дали на граѓаните кои платија повисока цена, ќе им биде вратена разликата.

Оние кои ги анкетиравме го поздравија враќањето на старите цени, а оние кои платија поскапо осигурување се во исчекување дали ќе добијат дел од парите назад.

Одлуката за зголемување на цената за 15 отсто на задолжителната осигурителна полиса се донесе на крајот на април, со образложение од компаниите дека цената повеќе од 10 години е непроменета, а трошоците им пораснале.

Агенцијата за супервизија на осигурување се спротивстави на тоа, па падна одлука за враќање на претходната цена на осигурителните полиси.

Мицкоски за економијата: Поволен кредит од милјарда евра, странски инвестиции и повисоки плати

Преку кредит од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, идниот мандатар Христијан Мицковски ќе се обиде да ја крене на нозе македонската економија.

Вели во првите 100 дена од новата Влада влегуваат со амбициозна еконоска агенда, освен позајмицата, Мицкоски во синоќешното гостување во „Само интервју“ најави и три нови странски инвестиции, од кој една во делот на енегретиката, вредна околу 500 милиони евра.

Според него досегашните економски политики не давале позитивни резултати, вели време е да се сврти нов лист.

„Финансиски пакет, соработка Влада со Влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка...Тоа би било кредит од друга држава... да на основ Влада со Влада..

„Го напуштаме концептот на ФИТР нема веќе да трошиме пари за Кисела вода, иновативен рецепт за пица, ќе има поддршка за стопанството за сите оние кои ќе вложат во производни линии, до 50 % ќе ја поддржуваме инвестицијата со грантови, нешто што ќе ја зголемува продуктивноста и што ќе ја зголемува вреднсот.“ - изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Со синдикатите кои со месеци протестираат и бараат повисоки плати, вели ќе седнеме и ќе разговараме, се што е во рамки на можностите на Буџетот ќе биде анализиарано. Она што е извесно е дека повисоки пензии во првата година од нивниот мандат ќе има..

„Едното нивелирање ќе биде сега во септември така е законот, а второто ќе биде во март. Владата, ако се биде во ред, се формира таму некаде втора половина на јуни, тоа подразбира дека не за 12 месеци туку за 9 ќе биде испорачано тоа ветување за кое што зборувавме а тоа се 5 000 денари линерано покачување на пензиите,- изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ . “

Во втората половина на месец јули се очекува да биде напаравен Ребаланасот на Буџетот, а веќе во септември да започне реализација на најавениот проект за децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините, кој годинава ќе бидат во вредност од 125 милиони евра.

Идната недела ќе се знае кога ќе се одржи партискиот конгрес на СДСМ

Втор ден по изборите нема официјална информација од СДСМ, кои ќе бидат следните чекори откако лидерот Димитар Ковачевски најави целосно реструктуирање на партијата, и кадровски и идеолошки.

Извори од СДСМ брифираат дека од следната недела ќе биде појасна динамиката за процесите. Прво треба да се свика Извршниот одбор, кој ќе му наложи на Централниот да го закаже партискиот конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и смена на сите нивоа.

По катастрофалниот пораз, историски најголем на партијата, дел од високите партиски функционери јавно најавија оставки, но извори од партијата појаснуваат дека всушност целото раководство е во оставка се додека не се избере ново.

Со реакција последна се огласи и заменик-претседателката на СДСМ и актуелна директорка на УЈП, Сања Лукаревска, која на социјалните мрежи објави дека ја прифаќа одговорноста за изборниот пораз. Како што напиша, верува во СДСМ и неговата сила што побрзо да се реформира, да се обедини и подготви, бидејќи силен СДСМ и потребен на Македонија. Претходно, повлекување и оставки од потпретседателските места објавија Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, а од партиската функција се повлече и претседателката на Форумот на жени, Јованка Тренчевска.

Сепак дел од членовите и функционери на СДСМ сметаат дека раководството треба да поднесе оставки веднаш, а не со одложено дејство и условени. Актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, чие име се споменува и како еден од можните кандидат за нов лидер на СДСМ, во изјава за Канал 5 вели дека покрај Ковачевски и целото раководство, очекува оставки и од носителите на листите.

Деспотовски се уште не потврдува дали и официјално ќе влезе во трка за претседателското место на Бихаќка, откако пред две години не доби доволна поддршка од членството за да го замени Заев. Тогаш беше променет статутот на партијата, па сега претседател на партијата избираат сите членови, на непосредни избори.

притисни ентер