ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај

Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне.

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај

Филипче денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада.

Денес, кога институциите се стабилизираат и се враќа нормалниот демократски поредок, СДС панично се обидува да го задржи механизмот што им служеше како политички штит.

Оваа реакција на Филипче е класичен пример на политичка дезориентација затоа што од една страна се повикува на демократија, а од друга страна се противи на враќање на нормалноста во функционирањето на државата. Тоа е страв од изборен пораз кој Филипче денес јавно го признава.

ВМРО-ДПМНЕ јасно знае што прави. Предложените законски решенија се дел од поширока визија за стабилна, функционална и одговорна држава, ослободена од модели и политички компромиси што ја деградираа државата институционално. Нашата политика не се темели на дневнополитички калкулации, туку на долгорочни системски решенија.

За разлика од Венко, кој живее во наратив на лаги и измислувања, ВМРО-ДПМНЕ работи со јасна стратегија, со конкретни цели и со одговорност кон граѓаните. Овие реформи ќе бидат реализирани не затоа што некој тоа го сака политички, туку затоа што државата тоа го заслужува, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Вљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. 

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер