МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Новото’’ лице на СДС, преточено во Филипче, е само продолжение на Заев „Новото’’ лице на СДС, преточено во Филипче, е само продолжение на Заев, на неодговорност, на криминал и на корупција.Тоа што СДС спадна на тоа нивниот „лидер’’ да има 18 илјади гласови на внатрепартиски избори, а на рејтинзи имаат околу7%, говори за фактот дека СДС веќе не е втора партија во државата. Тоа што упорно им го говоревме дека не треба да го прават додека беа власт СДС и Филипче, им се удира секојдневно од глава. За жал, гледаме дека и ден денес, политиката на СДС е само бледо продолжение на политиката на Заев. Покажувањето на моќ, нетранспарентноста, тендерите во четири очи, синови и ќерки со стипендии и вработувања по државни институции, некомпетентни кадри во државните институции, виткањето кичма на меѓународно поле, лошите образовни програми, 2% доверба во правосудството кое тие си го одбраа со ДУИ, изживувањето на полициските службеници, ваучери за млади и спорт наместо кај спортистите, завршуваа во џебовите на раководните лица, стотици илјади евра за тренинзи за магариња, рецепти за пица и фризерници, богатење на маката на граѓаните преку давање на вода наместо физиолошки раствор на Онкологија, набавка на вакцини со цел провизиите да завршат во џебовите на Филипче и Заев во договор со непостоечка фирма од Хонг Конг, немањето на одговорност за случаи како модуларна болница, Беса транс, Дурмо турс, Мартин Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље и еден куп други случаи, поради кои граѓани ги губеа своите животи, а никој не понесе одговорност. И по Заев, Заев. Тука е проблемот во СДС. Наместо да се извинат и со нови кадри да понудат избор на граѓаните, тие повторно со Филипче, Фани Сорос, Чупеска гласноговорникот кој работеше за СДС пред да стане потпретседател, Јон Фрчкоски директор на аналитички центар, пратеници им се луѓе кои претходно ја водеа Владата во Македонија, заради кои сме дојдени до ова дереџе денес. СДС и Филипче, немаат никаков кредибилитет да говорат за работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на тоа што дочекавме кога ја презедовме државата која беше на раб на банкрот, сега сме сведоци на поголеми плати, намалена инфлација, нови образовни програми, развивање на туризмот, рекордни странски инвестиции, зголемување на бодови на здравствени работници, редовни плати, субвенции за земјоделци, дигитализација на административните услуги, расчистување со криминалот по македонските улици, корупцијата се намалува, и после долго време, има одговорност. Денес одговорноста има име и презиме, а не како порано, кога криви беа пајаците, каблите и слично. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за граѓаните. Македонија мора да биде повторно горда! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Венко Филипче Заев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook