3ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ново поглавје во политичкото делувањеСтратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава.ВМРО-ДПМНЕ со своето делување, многупати до сега, ја потврди својата посветеност за развој и напредок на државата. Во креирањето на политиките секогаш се водела од државните и национални интереси, па после тоа следеле партиските. Тоа го потврди и на 18-иот конгрес од пред некој ден, каде што покрај изборот на претседател, делегатите ја усвоија и стратегијата за развој на државата во следната декада, „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“. Овој важен документот е со јасно зацртани цели и ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила, подготвена да ја преземе улогата на државничко лидерство. Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на импровизации и краткорочни одлуки и да воведе долгорочен систем на управување, кој се создава преку силни институции, конкурентна економија и општество засновано на вредности, ред и самодоверба. Таа носи нови теми што ја подготвуваат Македонија за иднината, како национална стратегија за вештачка интелигенција, стратегија за сајбер-безбедност, геоекономска дипломатија и Фонд за иднината, кој ќе биде државен инвестициски инструмент што ќе поддржува технологии, иновации и истражување. Најважното што треба да го постигне имплементацијата и спроведувањето на Стратегијата е Македонија до 2030 да стане земја што создава стабилност, економска моќ и институционална зрелост, со идентитет што не се условува, туку се почитува. Документот определува јасна стратешка и временска рамка на имплементација и преземање чекори од 2025 до 2030 година во која се содржани шест клучни стожери по кој ќе се води развојот на државата. Прва во фокусот е државната безбедност, што значи модерна армија, национална сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани. Потоа следи економската конкурентност, што значи напуштање на моделот на евтина работна сила и создавање економија заснована на знаење, технологија и иновации, поддршка за домашните компании, стабилен даночен систем и зелена енергетска транзиција. Правна држава е третиот стожер на овој важен национален документ, чија цел е независно судство, департизирана администрација и системска борба против корупцијата преку дигитализација и други контролни механизми. Во рамките на демографските политики, потребна е вистинска поддршка за младите, како станбени програми, политики за поврат на дијаспората и достоинствена грижа за постарите лица. Европската интеграција и надворешната политика ќе се градат со партнерства со јасни црвени линии, што значат да за Европа, но без условувања што допираат во идентитетот и достоинството на државата. Без силно образование, култура и идентитет нема силна држава, затоа како шести стожер на Стратегијата, мораме да вложуваме во модерни програми, дигитални кампуси, поддршка за науката и заштита на македонскиот јазик и култура. Оваа Стратегија е ново поглавје на стабилност, развој и државничко водство во која е содржана визијата за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефинирани политики и развоен правец. Македонија знае, може и мора многу повеќе. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter