ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. 

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој.

По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди.

Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност.

Во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар.

Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина.

Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани. Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион

Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион

Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба.

Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата.

Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена - безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини.

Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација.

Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило.

Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее.

Денешната активност се спроведува во рамки на проектот „Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), како дел од BOOST Balkans, поддржан од ALDA - European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD - Agence Française de Développement.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода.

Филипче: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата.

Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното работење земјоделците нема да останат без вода.

„Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот сектор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри?“, рече Филипче.

Тој предупреди дека земјоделците веќе се соочуваат со сериозни проблеми поради неисплатени субвенции и ниски откупни цени, а сега се отвора и прашањето дали ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на земјоделските површини.

„Дали земјоделците, покрај овој удар кој што сега го доживуваат и некако преживуваат, многу тешко, од страна на оваа власт, со неисплаќање на субвенции и со ниски откупни цени, ќе се соочат и со тоа да е компромитирано целосно водоснабдувањето?“, праша Филипче.

Освен за водата, Филипче отвори прашања и за огромната потрошувачка на електрична енергија од дата-центрите и можните последици врз цената на струјата и потребата од дополнителен увоз.

„Зарем не е легитимно прашањето што ќе се случи со капацитетот за водоснабдување на сите полиња на земјоделците кога ќе се изгради дата-центар? Зарем не е легитимно прашањето што Македонија ќе прави со струјата која што во еден дел целосно ќе биде искористена од тие дата-центри, затоа што тие трошат многу струја? Понатаму, што ќе се случи со цената на струјата?“, рече Филипче.

Тој праша и дали огромната потрошувачка на електрична енергија може да го ограничи идниот индустриски развој во областите каде што би се граделе вакви центри.

„Дали тоа големо искористување ќе ја поскапи? Дали тоа значи дека ќе има дополнителен увоз? Дали тоа значи дека нема да има капацитет за ништо друго да се направи во околина на дата-центрите поради тоа што тие користат многу струја? На пример, ќе може ли во околина на некој дата-центар да се изгради фабрика? И дали воопшто ќе има струја за тие фабрики?“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче предупреди и на влијанието врз животната средина, особено на прашањето каде ќе завршува загреаната вода што ја користат дата-центрите и какви последици може да има тоа врз реките и биодиверзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски на Маск му доделил украинскиот Орден на слободата

 Претседателот на Украина,  Володимир Зеленски му го додели на американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, Украинскиот орден на слободата, кој беше објавен со претседателски декрет. 

Зеленски на Маск му доделил украинскиот Орден на слободата

Киев истовремено бара согласност од Маск за користење на Starlink на беспилотни летала што работат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и САД“ како причина за доделувањето на наградата.

Наградата доаѓа во време кога Украина се стреми да ја прошири употребата на беспилотни летала опремени со Starlink против руските лансери за балистички ракети. Киев се надева дека технологијата би можела да помогне во нарушувањето на способноста на Русија да напаѓа украински градови.

Според Зеленски, поширокиот пристап до „Старлинк“ (Starlink) за Украина би можел да ги намали „токму оние способности на кои Русија се потпира за да ја одолговлекува војната“.

Маск и понатаму се воздржува од дозволување терминалите на „Старлинк“ да функционираат над руска територија. Лице запознаено со ситуацијата изјави за порталот „Киев индепендент“ (Kyiv Independent) дека Маск смета оти тоа би претставувало „ескалација“ на војната.

„Старлинк“ овозможува брза комуникација меѓу украинските борбени позиции и командните пунктови. Кога системот се користи на беспилотни летала, тој може да обезбеди врска што тешко се попречува и не е ограничена од можностите на традиционалните радио-антени.

Украинските сили сè почесто користат беспилотни летала опремени со „Старлинк“ над териториите окупирани од Русија, особено на растојанија од 50 до 200 километри од линијата на фронтот. Со овие летала, тие ги напаѓаат руските логистички правци во областите каде што Киев ја интензивираше својата офанзивна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер