ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Новите сили а стари кадри напишани од Зоран Заев а изгласани од Венко Филипче се: Рената Младеновска, екс директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Во новото раководство на СДС, влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, како и Јон Фрчкоски кој беше фатен и призна како се дрогира на своето работно место, и кој наместо казна доби унапредување во СДС, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Новите сили а стари кадри напишани од Зоран Заев а изгласани од Венко Филипче се:

Рената Младеновска, екс директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДС.

Драган Крајовски, претседател на ОО на СДС Битола, во времето на Ковачевски директор на Затворот „Црн мост“ во Битола од времето на Заев и член на Централниот одбор на СДС.

Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев и задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор на СДС.

Андреј Жерновски – Прелетач за функција од ЛДП во СДС на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење паника дека ќе се урне стадионот кој се уште стои.

Агрон Демири уште еден кадар од старото СДС, екс советник во сектор за Европска Унија и меѓународна соработка, потоа како правник е дел од Одделението за правни услуги во ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДС го претрпеа најголемиот пораз и не успеа како втор на листа да влезе како пратеник.

Љупчо Фармаковски- Фосил уште од времето на Хари Костов во влада и МВР како државен советник па и до денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална Банка. Во 2008 беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И до сега беше организациски секретар на СДС.

Јована Тренчевска – поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општина Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово. Го врати на работа директорот на меѓуопштински Центар за социјална работа – Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога. Во 2024 се повлече од функцијата како претседателка на форумот на жени на СДС - „Од денес во СДС нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од времето на претходните функционери“, напиша тогаш, а сега се промовира како освежување.

Ова е убедливо најлошиот состав на СДС и Зоран Заев. Приватизациjата на СДС завршува, наредниот чекор е жесток стечај.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер