ВМРО-ДПМНЕ: Не помина обидот на Заев за замолчување да не се зборува вистината за неговите криминали - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Не помина обидот на Заев за замолчување да не се зборува вистината за неговите криминали

Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина.

ВМРО-ДПМНЕ: Не помина обидот на Заев за замолчување да не се зборува вистината за неговите криминали

Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници.

Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите.

Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, кој се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во обид да го замолчи да ја зборува вистината.

Многу веројатно, Струмица и струмичките институции, Заев да ги сметал за свој пашалак каде што секој прави како што тој ќе каже, па на ваков начин ќе влијае врз пресудата, па затоа одлучил тужбата да ја поднесе до овој суд.

Или пак, поранешниот премиер, кој своевремено бил на чело на владиното телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат – роднина, навистина не разбираат ништо од правото.

Тоа што е важно, е што блефови и неиздржани аргументи не поминуваат. Ослободени од стегите правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките на и желбите на поединци.

Владеење на правото и правна држава во Македонија ќе има. Секој кој се огрешил и работел спротивно на закон, ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Посетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници.

На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување.

Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер