ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

Барселона без Левандовски против Реал М. и Интер?

Во следните три седмици  шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе игра без најдобриот стрелец Роберт Левандовски кој се повреди на синоќешниот дуел против Селта. 

Барселона без Левандовски против Реал М. и Интер?

Левандовски заработил повреда на задната ложа поради што ќе мора да биде надвор од терените во следните три недели.

Денешните медицински прегледи покажале дека повредата на Роберт Левандовски не е мала и дека тој ќе отсуствува околу три недели, што ќе значи дека ќе го пропушти и финалето од шпанскиот куп против Реал Мадрид (26 април) и двата полуфинални дуели во Лигата на шампионите против Интер (30 април и 6 мај) .

Според лекарските прегледи најдобриот стрелец на Барса ,Левандовски има повреда на полутендиозниот мускул на левата надколеница – нешто што веќе го навестија првичните тестови по натпреварот против Селта .

Полјакот беше заменет во 77. минута, а неговите гестикулации ја издадоа сериозноста на повредата.

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Како што пренесе Анадолија, повеќе украински медиуми јавија дека Фокс њуз емитувал снимки од Велигденските богослужби што се одржуваат низ целиот свет, вклучително и богослужба во Москва на која присуствувал рускиот претседател Владимир Путин.

Телевизијата, со седиште во Њујорк, исто така, емитувала снимка од богослужбата во главниот град на Украина, кој првично ги означила како „Киев, Украина“.

Сепак, текстот на екранот подоцна се сменил во „Киев, Русија“, и така наводно стоел околу 20 минути пред да биде коригиран.

- Ако тоа беше грешка, а не намерна политичка изјава, треба да има извинување и истрага за тоа кој ја направил грешката, напиша на Х портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихји.

Македонците во Белгија го чествуваат Велигден

Со традиционалниот поздрав „Христос Воскресна, Навистина Воскресна“ припадниците на македонската заедница во Белгија денеска го чествуваат христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден. 

Македонците во Белгија го чествуваат Велигден

Централната прослава се одржа во „Европската капела“ во Брисел каде попладнево беше организирана Велигденска литургија со која богослужеше отец Жарко Ѓоргиевски, кој е назначен од митрополитот на Европската епархија на МПЦ-ОА, Пимен за активности на Црквата во Белгија и негување на македонската традиција и достоинствено чествување на православните празници.

По Литургијата, отец Ѓоргиевски прочита делови од Велигденското послание на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод.

За присутните верници беше организирано и причестување, по што беше делена нафора, вапцани јајца и осветена вода.

Прославата заврши со пригоден коктел. Организатор на прославата беше Македонската православна црковна општина „Св. Илија – Св. Архангел Михаил“ од Брисел.

Црковната општина „Св. Илија“ во Брисел постои повеќе години, но по нејзиното пасивизирање за време на Ковид пандемијата, во 2023 година таа ја возобнови својата работа со избор на нов Црковен одбор. Од минатата година на називот на Црковната општина е додадено и името на Св. Архангел Михаил, кој воедно е и нејзин патрон заштитник.

Инаку, во синоќа во пресрет на Велигден, отец Ѓоргиевски одржа литургија и за Македонците во Луксембург.

притисни ентер