Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
1Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
2Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наместо Филипче дa држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за се сторено во неговото времеКога Венко Филипче зборува за „молк на институциите“, тоа звучи како лоша шега. Човекот кој како министер дозволи здравствениот систем да колабира, кој не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето. Граѓаните многу добро паметат дека токму во времето на СДС и Филипче Македонија се претвори во најзагадена точка во Европа, без план, без стратегија и без резултат. Фабриката за акумулатори во Трубарево и дивите депонии не паднаа од небо, тоа е наследство на криминалните политики на СДС и ДУИ. Денес институциите реагираат одговорно и ќе излезат со прецизни информации, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот. Но уште еднаш се поставуваат прашањата: 1. Како тоа баш пред избори почнуваат да „горат“ фабрики и депонии? 2. Дали зад тоа стојат организирани структури блиски до поразената власт кои сакаат да создадат хаос и страв кај граѓаните? Наместо Филипче да им држи предавања на скопјани, подобро е да им се извини за сето сторено во неговото време и за сите здравствени, еколошки и национални порази. Вистинската еколошка катастрофа и вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се викаат СДС и ДУИ. Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС Додека Венко Филипче преку социјалните мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат затворени дома, да носат маски и да не излегуваат без потреба, неговиот сопартиец и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, во исто време организираше партиски концерти и ги канеше луѓето на забава во среде град. Ова е врв на лицемерието на СДС, едно за народот, друго за нив. Граѓаните да седат дома и да се гушат во чад, а функционерите на СДС да се веселат на сцена, со музика и аплаузи. Таква дрскост и дволичност не памети Скопје. Филипче, кој како министер ја остави Македонија прва по смртност и загадување во Европа, денес повторно држи лекции за здравје. А неговиот сопартиец Герасимовски, кој не успеа да реши ниту еден суштински проблем на Центар, наместо одговорност, нуди забави и концерти додека градот гори. Лицемерието е потполно – за граѓаните маски, затворени прозорци и страв; за СДС – бината, рефлекторите и аплаузите. Оваа дрска злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари за да создаде хаос пред избори. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЈанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација. Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршувањеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. - За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година. Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“. „Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите. За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот. На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика. 19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески. Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно. Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook