ВМРО-ДПМНЕ: Најголемото економско ветување на Зоран Заев и СДСМ пропадна во вода

Најголемото економско ветување на Зоран Заев и СДСМ пропадна во вода. Заев вети 5% раст на БДП, а откако е на власт до сега вкупниот раст не е ни половина, односно изнесува 2.5%.

Заев излажа. Нема ниту 30.000 денари просечна плата.

Со СДСМ на власт имаме пад на извозот во однос на увозот. Имено откако Заев е на власт разликата во корист на увозот постојано се зголемува, а го достигна својот пик во второто тромесечие од 2019 година, кога споредбено со истото тромесечие минатата година падот е 34%.

Македонија станува се повеќе увозно зависна држава. Поголем доказ за пропаѓање на економијата од падот на извозот во трговскиот биланс на државата нема.

Се повеќе фирми си заминуваат од државата. Пиши бриши даночната политика на СДСМ предизвика одлив на фирми од државата, кои отвораат свои претставништва во соседството од каде што ја вршат својата дејност.

Не постои човек или бизнис сектор кој не е излажан од СДСМ. Заев вети дека ќе го намали данокот на добивка за ИТ индустријата на 5%. Не само што не го намали, туку и го накачи, со што десетици компании ја напуштија земјата. Доказ за тоа е падот на додадената вредност на ИТ секторот во економијата кој бележи пад од 4.7%.

Жртва на ваквите лоши политики е буџетот на државата. Катастрофална е наплатата на данокот на добивка. Од јануари до ноември оваа година имаме за 23.7% помала наплата на данок на добивка во однос на лани.

Буџетот за 2020 година е зголемен за 7%, а наплатата и за оваа година е намалена. Одиме од дупка во дупка. Оваа егзибиционистичка политика завршува на 12 април, кога следува обновата на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер