ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи

​Венко Филипче денеска повторно држи лекции за економија. Иронијата е дека човекот што летуваше на јахти додека народот едвај преживуваше, сега зборува за „достоинство“ и „развој“.

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи

Во негово време, инвеститорите не доаѓаа, бегаа. Македонија ја гледаа како држава заробена во корупција, рекети и фантомски фирми. Единствениот бум беше во тендери и раст на лични сметки на привилегирана СДС-ДУИ каста.

Филипче и СДС наместо нови фабрики, им донесоа на граѓаните нови долгови. Наместо работни места, затворени компании. Наместо економски раст, галопирачка сиромаштија. И тоа е вистината што никаков графикон не може да ја покрие.

А сега, кога државата конечно ја враќа довербата и се отвора за вистински инвеститори, Филипче од лежалка ни држи предавања за економија. Последниот човек кој може да зборува за тоа е токму тој, симболот на луксузот, хедонизмот и пропаста на СДС.

Кратко, само да го потсетиме Филипче.

Прво, Извештајот Гринфилд ФДИ Перформанс Индекс за 2025 на кој се рангирани 105 земји од светот Македонија го зазеде шестото место. Овој Извештај пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на БДП при што се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции.

Второ, 2024 година Македонија ја заврши со рекордни над една милијарда и 250 милиони евра директни странски инвестиции.

Затоа, порака до Филипче: помалку графикони, повеќе срам. Граѓаните добро паметат кој ја потопи економијата и кој денес ја крева од пепел. А ако СДС навистина сакаат да привлечат инвеститори – најдобро е прво да го сокријат Филипче далеку од камерите.

Дополнително, СДС продолжува со истиот непроменет стил од времето кога ветуваа живот, а донесоа беда и лоповлук. Тие се непроменети. Тоа е истиот ментален склоп на ароганција кој сега сака да ве убеди дека во нивно време сте живееле супер и дека тогаш сте уживале во благодетите на нивите реформи, мерки и во благосостојбата која ја имало на секое поле. Дали е тоа така, одговорот го знаете и самите. Исто како што гледате дека не само што не се менуваат, туку и уште повеќе се обидуваат да го потценат целиот народ мислејќи дека има кратко паметење.

Филипче, Македонија ви памети и нема да ви заборави!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот.

Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година.

Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. 

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата.

Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд.

Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики.

Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес.

На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност.

ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции.

Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дождлив викенд со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Дождлив викенд со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер