Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност
1Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
2Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност
3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаницитеБисера Костадиновска Стојчевска направи целосен хаос со годишната програма во културата.Преку членовите на комисиите кои се уште се непознати во јавноста, а се потпишале на скандалозната програма, Костадиновска Стојчевска доделиле десетици илјади евра на тотални анонимуси. Па така, средства ќе добијат анонимни лица и фирми блиски до Костадиновска Стојчевска и власта, а на сметка на тоа видно намалена им е финансиската поддршка на реномирани манифестации кои имаат децениска традиција. Пари од министерството ќе добие здружението за култура, уметност, спорт и рекреација АРТАЛ од Тетово за Меѓународен фестивал „Меридианс“, (6- та едиција) односно од 300.000 денари во 2023 година, годинава за реализација на 7-та едиција му се одобрени финансиски средства пет пати повеќе, односно 1.400.000 денари, за разлика од манифестацијата Рацинови средби која што е втора најголема книжевно поетска манифестација која што има традиција 60 години од 600.000 денари од 2017та година па наваму е падната на мизерни 86.000 денари поддршка од министерството. Дополнително скандалозно е што додека министерството за култура дава смешни 500.000 денари за театарска претстава во најголемата македонска национална установа, истовремено доделува 900.000 денари за шкртаниците од времето на Шарената револуција. Министерството за култура бришењето на шкртаниците од Шарената револуција, го оценуваат како проект и дава 900.000 денари на човек фирма. Ова покажува дека критериумите за распределба на проекти и средства наместо стручни, се чисто политички. Јавно ја прашуваме Костадиновска Стојчевска зошто одредени манифестации и лица се фаворизирани, на сметка на другите кои се очигледно оштетени? Не постои сектор кој владата на СДС и ДУИ не го уништи. Со СДС и ДУИ во македонската култура никогаш не било полошо. Важно е владата на СДС и ДУИ да замине час поскоро. Македонија мора да се менува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФорум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!Форумот на жени на ЛДП изразува длабок револт и згрозеност од срамните и мизогини ставови на Петар Богојески, кој ги оправда насилството и контролата врз жените под параванот на „машки надзор“. Ова не е никаква слобода на говор, туку брутална промоција на насилство и шовинизам во кој мажот е господар, а жената објект. Ниту една жена во Македонија не должи потчинетост или надзор никому – личната автономија и слободата се темел на секое цивилизирано општество! Поразително е што вакви средновековни сфаќања доаѓаат од коалиционен партнер на премиерот и човек кој образува идни воени кадети. Бараме итна реакција од Министерството за одбрана и Воената академија бидејќи лице кое релативизира семејно насилство нема никаков морален ниту професионален кредибилитет да учи идни офицери. Ја повикуваме Владата и Собранието веднаш да престанат со кукавичкото молчење и уште денес да го изгласаат Законот за електронска нараквица за демначи и насилници. Додека вие му давате простор на коалицискиот партнер да се изживува со жените на телевизија, жртвите на семејно насилство секојдневно живеат во страв за сопствениот живот. Насилниците заслужуваат строга казна а не промоција на национална телевизија. Ние нема да молчиме пред вашиот системски шовинизам!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилностОктомври е најуспешен месец досега во однос на користењето на платформата за интероперабилност. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека се реализирани рекордни 20 милиони трансакции. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Тоа значи дека денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги. На порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември. Во овие 30 илјади трансакции, предничат услугите достапни преку мобилната апликација m.Uslugi. “- изјави Андоновски пред 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што се одржува во Скопје. Оваа недела министерот очекува да се пушти и втората верзија на апликацијата со дополнителни подобрувања. „Ова е само почеток. Јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот. Ме радува што повеќе од 30.000 наши сограѓани веќе ја препознаа апликацијата и се нејзини корисници. Тоа се одразува и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе значајно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ - потенцира Андоновски. За посетата на Бон, каде што беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот денеска изјави дека најголем дел од разговорите се однесувале на дигиталната трансформација и имале можност да се запознаат со искуствата на „Дојче телеком“, особено во областа на сајбер-безбедноста. „Тие располагаат со центар за сајбер-безбедност, кој ги опслужува компаниите во рамките на групацијата, но и други клиенти во Европа и светот. Правиме напори за да привлечеме вакви инвестиции и во Македонија. Знаете дека државата има удел во „Македонски телеком“, а целта е да видиме како ваквите инвестиции и знаења можеме да ги пренесеме и кај нас. Сакаме да создадеме нови компании што ќе се занимаваат со сајбер-безбедност и да им помогнеме на малите и средните претпријатија, вклучително и на учесниците на оваа конференција, да ги зајакнат своите капацитети во процесот на дигитална трансформација и да бидат безбедни и заштитени“ - изјави Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетувањеАвион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи. 🚨🇵🇱🇬🇧 BREAKING: BOMB THREAT FORCES LOT POLISH AIRLINES BOEING 737 MAX 8 TO DIVERT FROM WARSAW CHOPIN AIRPORT, TRIGGERING AN AIRPORT SHUTDOWN. Polish authorities temporarily closed Warsaw Modlin Airport following a reported bomb threat involving a LOT Polish Airlines passenger aircraft arriving from London Heathrow on November 3. ✈️ FLIGHT IDENTIFIED Flight-tracking data from Flightradar24 identifies the aircraft as a Boeing 737 MAX 8, registration SP-LVK, operating flight LO286 from London Heathrow (LHR) to Warsaw Chopin (WAW). The aircraft was diverted to Warsaw Modlin Airport (WMI), where it reportedly landed safely at approximately 10:01 a.m. local time. 181 people were on board. ⚠️ MAJOR SECURITY RESPONSE Emergency services and specialist bomb disposal teams were deployed following the security alert, prompting the temporary suspension of airport operations. Authorities have not confirmed the discovery of an explosive device, and the circumstances surrounding the reported threat remain unclear. — Apex Vanguard (@Apex_Intel24) November 3, 2026 Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин. Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“. Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво. „По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението. Dwa alarmy bombowe. B737 MAX SP-LVK @LOTPLAirlines z Heathrow przekierowany do @WMI_Airport, a drugi to A320neo SE-ROG @SAS stojący na drodze kołowania C @ChopinAirport https://t.co/F4zWy7qhBa — Piotr Bożyk (@PiotrBozyk) November 3, 2026 Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter