Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
КултураВМРО-ДПМНЕ: Министерот за култура да понесе морална и политичка одговорностНационалната годишна програма за култура за 2018-та, потпишана од министерот Роберт Алаѓозовски, во музејската дејност и во заштитата на нематеријалното културно наследство ја покажува целата непрофесионалност кој владее во ова министерство.Национални установи - музеи, се маргинализирани, безмалку сите се со намалени буџети од претходната година, а на нивна сметка се афирмираат анонимни здрженија за кои јавноста ништо не слушнала, или пак за нив има оскудни информации. Замислете! За Националната установа Музеј на Македонската борба за државност и самостојност кој опфаќа богати и значајни поставки од историјата на македонскиот народ и неговата борба за државност, музеј кој што е посетен од стотици илјади посетители од 80-тина земји, музеј во кој што се организираат од 150 до 200 настани во годината, од кои триесетина се во негова организација, Министерството одвоило само 220.000 денари. Овој Музеј, кој е полноправна членка на меѓународни асоцијации, кој има воспоставено плодна соработка со многу балкански и европски сродни институции и кој за 7 години постоење има добиено две високи интернационални признанија, од Министерството за култура, предводено од Алаѓозовски е валоризиран само со 220.000 денари. Од друга страна пак, анонимни здрженија на граѓани добиваат по два, три или пет пати повеќе средства за своите активности. На пример, Здружението за спорт, култура и, внимавајте, екологија СОЛЕИНА – ТЕТОВО од Министерството за култура поддржано е со вкупно 600.000 денари за Промотивен караван на Мал музеј на Зекирија Алији и Евиденција на истите музејски експонати. Мултиетничкото здружение за култура и уметност КОМБАЈН АРТ КОЛЕКТИВ-ТЕТОВО добило 300.000 денари за експериментално – едукативна филмска работилница. Здружението за развој на општеството и, внимавајте, животна средина АКТА НОН ВЕРБА – СКОПЈЕ за Монографија на документи, фотографии и сведоштва за албанските католички семејства во Скопје поддржано е со 600.000 денари. Очигледно, во Министерството за култура нема доволно средства за Музејот кој ја промовира борбата за државност и самостојност на Македонија, заедничката татковина на сите, ама затоа има три пати повеќе средства за промотивен караван и евиденција на музејските експонати на Мал музеј на Зекирија Алији. Почитувани, За грижата и заштитата на нематеријалното културно наследство на Министерството за култура ќе ви посочиме два примери. Здружението ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ – КОЧАНИ за афирмација и одржување на македонската култура на традиционалните обичаи на православна крштевка во Македонија е поддржано со 450.000 денари. Здружението ДРИТА АГБ ГОСТИВАР за афирмација и одржливост на албанската култура преку промоција на традиционалните обичаи на албански сунет во Македонија добило 500 илјади денари. Да не должиме со уште примери, ВМРО-ДПМНЕ ги поставува следните прашања: 1. Под кои критериуми Министерството за култура ги избрало членовите на комисијата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство?! 2. Дали членовите на комисијата се носители на некои од проектите што ги одобрила комисијата?! 3. Дали претседателот на Комисијата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, Мила Шурбановска е носител и раководител на проектот Археолошки истражувања на локалитетот Стакина чешма – Бакновка, проект на Националната установа Археолошки музеј Скопје, за чија реализација комисијата доделила 200.000 денари?! 4. Како и според кои критериуми Комисијата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство проценила дека за Елаборат за валоризација на двогласното албанско полифоно пеење од Кичевскиот регион, проект на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците –Скопје доделила 150.000 денари, иако Институтот побарал 130.000 денари, а за Елаборат за валоризација на традиционалното Влашко пеење во Република Македонија, проект на Институтот за фолклор Марко Цепенков од Скопје доделила само, внимавајте, 20.000 денари?! Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ, поради недобројливите пропусти, на што секој ден реагира македонската културна јавност од сите дејности во културата, ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде повлечена Националната годишна програма на Министерството за култура за 2018-та. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ, поради изготвување и објавување на ваква скандалозна годишна програма, очекува од Министерот за култура да понесе полна морална и политичка одговорност! Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook