ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за 3 месеци обуки за жени и млади до 29 години - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за 3 месеци обуки за жени и млади до 29 години

​Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за 3 месеци обуки за жени и млади до 29 години

Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката ОБУКИ за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест.

Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности.

Првата обука којашто е наменета за невработени лица коишто се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.

Обуки за напредни и основни вештини, се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќа 720 лица.

Обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, се преку лиценцирани програми. Ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд.

Владата преку програмите за вработување и самовработување ќе ги поддржи младите се со цел да стекнат вештини кои ќе им користат во нивниот напредок и професионалната кариера.

ВМРО-ДПМНЕ

Најостра осуда од МД „Илинден“-Тирана за злоупотребата на Софија за непостоење на македонскиот јазик и идентитет

Македонско друштво „Илинден“-Тирана реагираше и најостро ја „осудува злоупотребата на Софија за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет“.

Најостра осуда од МД „Илинден“-Тирана за злоупотребата на Софија за непостоење на македонскиот јазик и идентитет

-Најостро ја осудуваме злоупотребата на Софија која со децении пласира дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик од Извештајот на Европскиот парламент за Македонија испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ, стои во реакцијата на друштвото.

Се оценува дека тоа ја „легитимира злоупотребата на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности“.

-Македонско друштво „Илинден”-Тирана го потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се истарски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме, порачуваат oд друштвото.

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир - специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента - правен советник за статутарни и регулаторни прашања и Денис Бастари - менаџер на програмата „HatTrick“ се претставници на УЕФА, додека Емили Дом - раководител на активности поврзани со управување на национални асоцијации е преставник на ФИФА.

Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

-„Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава.

Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Согласно тоа, новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Искрено ја цениме вашата поддршка и се надеваме дека нашата соработка во оваа насока ќе биде успешна. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ.“, истакна Масар Омерагиќ - претседател на Фудбалската федерација на Македонија:

Со овој процес започнува ново, суштинско поглавје за Фудбалската федерација на Македонија, кое треба да обезбеди поголема отчетност, ефикасност и вклученост на сите засегнати страни во фудбалската заедница. Очекуваме инклузивна и продуктивна работа на сите учесници и донесување на документи кои ќе го осигураат долгорочниот развој на македонскиот фудбал.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Европската Унија постигна договор со Израел за проширување на испораката на хуманитарна помош во Газа, објави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна.

Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила „во наредните денови“.

Беше договорено дека ќе се поправи виталната инфраструктура и дека хуманитарните работници ќе бидат заштитени. Се предвидува дека патиштата преку кои се доставува помош од Јордан и Египет, исто така, ќе бидат повторно отворени, а прехранбените производи ќе се дистрибуираат преку пекари и народни кујни низ целиот Појас Газа, се вели во текстот.

Испораката на гориво до хуманитарните организации ќе продолжи, „до оперативно ниво“.

Во наредните денови, Калас треба да им достави на земјите-членки на ЕУ список на можни мерки што треба да се преземат по одлуката за преиспитување на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ.

Во извештајот на Европската комисија до министрите за надворешни работи од крајот на јуни се оценува дека Израел го прекршил Член 2 од договорот - за почитување на човековите права.

Затоа, некои земји од ЕУ побараа барем делумно суспендирање на Договорот за асоцијација со Израел, иако неколку земји се спротивставија на ова.

притисни ентер