ВМРО-ДПМНЕ: Македонија успешно се справува и ги става под контрола шумските пожари - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија успешно се справува и ги става под контрола шумските пожари

Во Турција загинаа 10 пожарникари и 14 се повредени, во Грција 7 жртви десетици повредени, додека регионот брои жртви, повредени и изгорени куќи и домови, Македонија успешно се справува и ги става под контрола шумските пожари.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија успешно се справува и ги става под контрола шумските пожари

Пожарите не се појава само во Македонија, сушата и високите температури предизвикаа пожари во цел регион, во Бугарија има над 240, Грција над 50, Турција над 80 активни пожари.

И додека регионот брои жртви и повредени, раселени граѓани, испразнети цели села, значителни материјални штети, изгорени куќи и домови, благодарение на брзата и навремена интервенција на службите во Македонија нема жртви или значителна материјална штета како во другите земји.

Држави како Грција и Бугарија, кои се членки на Европската Унија, се соочуваат со големи предизвици во справувањето со пожарите и за таа цел веќе го вклучија Механизмот за цивилна заштита и побараа меѓународна помош во борбата со пожарите.

Во земјите од регионот пожарите дојдоа и до населени мести кои зафатија и станбени објекти и куќи, при што од Грција, Турција, Албанија илјадници граѓани се евакуирани од своите домови.

Во Грција има над 50 активни пламени жаришта од кои пет се големи и широко распространети со кои се борат над 200 пожарникари, а пожарот кај Атина зафати и станбени квартови. Потврдени се седум жртви, десетици се повредени, евакуирани и раселени се жители на цели села. Гореа куќи, автомобили, маслинови насади, стада со говеда и цели фарми. Штетите кои се предизвикани се огромни, а изгореа илјадници хектари шумски површини.

Втора држава членка на ЕУ, која побарала меѓународна помош во борбата против огнената стихија е Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари. Во пожарите во соседна држава причинета е голема материјална штета, изгореа станбени и помошни објекти, евакуирани се илјадници граѓани.

Повеќе од 2.619 лица се евакурани и ги напуштиле домовите во Турција поради пожарите. Голем пожарот го зафати градот Бурса кој стигна и зафати куќи. Во Турција животот го загубија десет лица пожарникари додека се бореле со огнените стихии, а 14 се повредени. Таму активни се 80 пожари.

Во соседна Албанија гори речиси на цела територија на државата, а од југот на државата евакуирани се над 2000 лица, жители и туристи, испразнети се цели села, додека изгореа 21 куќи и црква, а опожарени се и хотели. Во последните 24 часа регистрирани биле 45 активни пожари, од кои 21 сеуште не се ставени под контрола. На терен интервенираат над 1300 оперативни сили од албанските служби, 65 пожарникарски возила, како и хеликоптери на албанските вооружени сили, а на помош и дошле и хеликоптери од Хрватска, Италија и Унгарија. Досега во Албанија изгореле над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шумски површини.

Во Косово како активни се водат 12 пожари а најкритично е на југот, каде огнот им предизвика штета на локалните фармери.

Слична е ситуацијата и во Србија. Таму се активни над 100 пожари, особено во близина на Ниш, Врање, Крагуевац и други градови. Ангажирани се над 500 пожарникари со поддршка од хеликоптери.

Во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина огнот уништува куќи, имоти и земјоделски површини.

Целиот Балкан е на силен удар на голема суша и на екстремно високи температура кои се придружени и со ветришта, кои го отежнуваат справувањето и ги зголемуваат ризиците од појава и ширење на пожарите.

За разлика од регионот кој што се соочува со сериозни материјални штети, изгорени куќи, згради, автомобили и загубени човечки животи, во Македонија борбата со пожарите е секојдневна, огнените стихии се ставаат под контрола и предизвикуваат само штети во изгорени шумски површини.

Ангажирани се сите расположливи сили, пожарникари, припадници на Армијата, хеликоптери, теренски возила, доброволци, сите вложуваат натчовечки напори.

До вчера во попладневните часови, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер