ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев е црна точка во Европа

Неспособната и неодговорна власт на Заев потфрла на сите можни полиња.

Македонија е црн рекордер по заразени и смртни случаи од корона вирус во регионот на еден милион жители. Бројот на заразени достигна 12.357 лица што е над 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче, а бројот на починати е 532. Македонија стана црна точка во Европа која ги загрозува и останатите земји. Никакви протоколи и заштита немаат здравствените власти поради кои ни се случуваат скандали како заразените патници кои ги патуваа од Скопје до Турку во Финска.

Патем протоколи ниту соодветен план немаат ниту за дома. На помалку од дваесет дена од почетокот на новата учебна година нема одлука како ќе се одвива наставата со што во неизвесност ги ставаат децата, родителите и наставничкиот кадар.

Дополнително економскиот аспект на кризата станува уште полош. Десетици илјади лица ги изгубија своите работни места, а уште толку земаат намалена плата или пак воопшто не ја зеле. Агенцијата за вработување го криеше бројот на лица кои останале невработени, со цел јавноста пред избори да не види со каква неспособна власт си има работа. Капак на сето тоа власта им испорача поскапа струја за 7,5% со што директно се удри по џебот на народот, на сметка на енергетските компании во кои изминатиот период беа непотистички и партиски вработувани лица блиски до власта. Ние сме единствената земја во регионот, а и пошироко која во време на корона епидемијата ги поскапува енергенсите исто како што сме единствената земја на која и пропадна банка со што се загрозува банкарскиот сектор и нормалните исплати на пензии, социјална помош и плати за десетици илјади семејства. Битно министерката за финансии Ангеловска навремено ги повлекла своите депозити од банката која пропадна, а другите нека чекаат и нека се снаоѓаат како знаат и умеа, слично како во мрачните времиња на транзицијата и пропаста на ТАТ.

Македонија со Заев нема иднина, туку само тоне се подлабоко и подлабоко. Нивниот криминал, корупција и неспособност уште долго време ќе предизвикува последици по стандардот на граѓаните, стопанството и економијата. Тоа мора да престане.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер