МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен Закон за Сајбер безбедностМакедонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен Закон за Сајбер безбедност, 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад. Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија. Со цел помалку административни гужви, побрзи и полесни административни постапки за граѓаните, се воведоа нови 120 електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk. Најчесто користените услуги од институциите како потврда за неосудуваност, електронски извод од матична книга на родени, електронско уверение за државјанство, потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно електронски достапни. За ваквите електронски документи имаат иста важност како оригиналните издадени од институциите, се донесоа измени на Законот за електронски документи со што документи се признаваат за целосно валидни. Отворени нови административни Центри за услуги (ЕТУ) за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои центри вработените од министерството им посредуваат на граѓаните при аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот. Со отворањето на ваквите центри ги доближуваме административните услуги до граѓаните коишто не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните единици на институциите, или немаат соодветно познавање за користење на електронски уреди. За поголема безбедност и заштита на податоците се донесе Закон за Сајбер безбедност, со кој државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи. Се донесе Закон за медиуми со што по повеќе од 12 години издавачите на онлајн медиуми- интернет-публикации се препознаени во закон. Меѓу другото, се донесе и забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од пандемијата на игри на среќа, особено преку нелегалните игри на среќа кои се организираат преку онлајн платформи, истите претставуваат опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежни картички. Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која треба да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која во електронска форма, граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи, а Владата и министерствата добиваат заштитени и унифицирани веб страници. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЧетири омилени вежби на Еве Лонгорија – Еве како ја одржува својата витка линија после 50-тата година! (видео)Во февруари 2025 година, Ева Лонгорија сподели видео од тренинг на нејзиниот профил на TikTok со наслов „Враќање на суштината“ (@evalongoria Back to basics). Погледнете ги вежбите што ги изведува и размислете како можете да ги прилагодите на своите можности. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ не се потпира само на вежби за стомачни мускули и задник. Нејзината рутина вклучува чучнувања, динамични движења со медицинска топка и разни вежби со тегови кои активираат повеќе мускулни групи. 1. Чучнувања со руско „ѕвоно“ Ева го започнува својот тренинг со чучнувања, а во рацете држи кетлбели (руски ѕвона). Додека го спушта телото, таа ги свиткува колената и колковите, а потоа контролирано се враќа во почетната положба. Оваа вежба ги активира мускулите на бутовите и задникот, како и мускулите на трупот кои помагаат во одржување на стабилноста. Дополнителниот товар го зголемува интензитетот на вежбата и придонесува за зајакнување на долниот дел од телото. 2. Енергично удирање на медицинска топка од подот Следната динамична вежба е позната како „удирање со топка“ (slam ball). Таа вклучува кревање на медицинска топка над главата, а потоа нејзино силно удирање од подот. Ова движење ги активира мускулите на рацете, рамената, трупот и нозете. Оваа вежба внесува кардио компонента во тренингот за сила, бидејќи го зголемува пулсот и бара ангажирање на повеќе мускулни групи. 3. Странично подигање на тегови (Lateral Raises) За да ги зајакне рамената, Ева користи тегови за изведување странични подигнувања. Рацете се креваат настрана, приближно до висината на рамената, при што лактите се држат благо свиткани. Оваа вежба е насочена конкретно кон страничните мускули во рамената и помага во зацврстување и јакнење на горниот дел од телото. 4. Кревање на тегови пред телото (Front Raises) Во продолжение на тренингот, актерката изведува варијации на подигање тегови пред телото, со контролирани движења на рацете. Овие вежби ги активираат рамената и мускулите на рацете и можат да се прилагодат на различни нивоа на физичка подготвеност. Погледнете како изгледа тренингот на Ева: (видео) Зошто овие вежби се корисни по 50-тата година од животот? По 50-тата година, особено е важно да се стави акцент на зачувување на мускулната маса, силата и подвижноста. Вежбите со отпор можат да помогнат да се забави губењето на мускулната маса, да се подобри рамнотежата и да се олесни извршувањето на секојдневните активности. Токму затоа, чучнувањата со тегови, вежбите за рамениците и динамичните движења со медицинска топка се одличен примери за сеопфатен тренинг што го активира целото тело. Се разбира, нема потреба да користите големи тежини или веднаш да се обидувате да ги изведете сите вежби. Започнете со помали тежини, внимавајте на правилната техника и постепено зголемувајте го интензитетот. Доколку имате здравствени проблеми или сте направиле долга пауза од вежбањето, консултирајте се со стручно лице пред да започнете со редовен тренинг. Примерот на Ева Лонгорија покажува дека фокусот на силата и физичката подготвеност не престанува со возраста. Напротив, редовното вежбање може да биде еден од најдобрите начини да останете силни, подвижни и полни со енергија, дури и по 50-тата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook