3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата меѓу СДС и ДУИ сè уште е жива, заедно продолжуваат да работатГромогласниот молк на СДС додека нивниот поранешен коалициски партнер Али Ахмети, отворено ги уценува Македонците е алармантен и загрижувачки!Иако СДС веќе не е на власт, нивниот молк сè уште остава сериозни последици врз политичката сцена во Македонија. Каде се денес Зоран Заев и неговите наследници од СДС кои ветуваа „едно општество за сите“!? Како е можно партија која толку долго беше на власт, сега да биде целосно незаинтересирана и пасивна во однос на изјавите и заканите на Ахмети? Дали е уценета СДС? Дали СДС ја загуби целосната контрола над своите поранешни партнери и сега само набљудува од страна додека се случува ова опасно сценарио? Не е тајна дека ДУИ и СДС заедно се симбол на криминалот и корупцијата кои ја разјадуваа Македонија за време на нивното владеење. Дури и сега, кога се во опозиција, нивната неспособност да се справат со последиците од нивната власт е очигледна. Тоа е вистинскиот проблем на Македонија денес – наследството на неспособност и корупција што го остави СДС зад себе. Дополнително, денешниот настан на кој Ахмети ѝ се закануваше на Македонија уште еднаш ја разоткри врската помеѓу СДС и ДУИ. Присуството на Ивон Величковски, коалицискиот партнер на СДС на тој собир е јасен показател дека коалицијата меѓу СДС и ДУИ сè уште е жива и дека тие заедно продолжуваат да работат против интересите на Македонија. Замислете, Ивон Величковски со поддршка, желба и ентузијазам денес мртвo ладно изјави дека „треба отворено да се дебатира за идеите на Ахмети“. До кога СДС ќе бидат измеќари на ДУИ? Денес кога Али Ахмети зборува за „заедничко сопствеништво“ на државата, всушност зборува за продолжување на системот кој му овозможуваше на ДУИ да ги злоупотребува своите позиции во власта, со поддршка на СДС. Зошто СДС молчи? Можеби одговорот лежи во тоа што ДУИ има премногу информации кои можат да ги компромитираат. Македонија денес е на пат на опоравување од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ, но тие сè уште имаат влијание кое не смее да се игнорира. Македонскиот народ не смее да биде заложник на коалициски спогодби кои се базираат на уцени и страв. Време е да се стави крај на тоа поглавје и да се продолжи со нова ера на чесно и транспарентно управување. Македонскиот народ нема да дозволи повеќе да биде манипулиран од политичари кои ја продаваа Македонија. Новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжи да се бори против сите облици на криминал и корупција, за да ја обезбеди иднината на Македонија како стабилна и просперитетна држава. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 годинаВашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој. Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред: I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЦрвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од Лигата на нации. Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации. По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна. Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9. Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0. Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1. Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЏон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг. Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година. Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели. Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето. Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој.. „Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година. „Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter